1. ВОВЕД
1.1. Правилата и условите (во натамошниот текст Правила) за членство во Програмата за лојалност на групацијата ФЕШН ГРУП, која важи за следните компании на групацијата: Фешн Груп Адриатик ДООЕЛ Скопје, МГ Фешн ДОО Скопје и Битсиани Фешн ДОО Скопје, во натамошниот текст Програмата, ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања кои произлегуваат од членството во Програмата. Правилата заедно со било кои други применливи услови и правила поврзани со било кои промотивни понуди кои можат да бидат испратени до членовите на Програмата, претставуваат договор помеѓу членот на Програмата и ФЕШН ГРУП МАКЕДОНИЈА. Со зачленување во Програмата и нејзино континуирано користење, членовите ги прифаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие Правила. ФЕШН ГРУП го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на ФЕШН ГРУП, www.fashiongroup.com.mk и на интернет порталот www.fashiongroup.com.mk/loyalty .
1.2. Со зачленување во Програмата, членовите на Програмата се стекнуваат со клуб картичка која претставува потврда за членство во Програмата. За да ги стекнат правата и бенефициите од Програмата, членовите на Програмата при купување на продажните места на ФЕШН ГРУП треба да ја презентираат клуб картичката.
1.3. Правилата и условите за членство во Програмата се јавно достапни и во секој момент можат да се видат на интернет страната на ФЕШН ГРУП и на www.fashiongroup.com.mk/loyalty.
2. ДЕФИНИЦИИ:
2.1. “Правила и услови” значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат од членството во програмата за лојалност и истите претставуваат договорен однос помеѓу ФЕШН ГРУП и членот на Програмата за лојалност;
2.2. “Програма за лојалност ” значи програма за лојалност на групацијата ФЕШН ГРУП која важи за компаниите: Фешн Груп Адриатик ДООЕЛ Скопје, МГ Фешн ДОО Скопје и Битсиани Фешн ДОО Скопје, преку која членовите на програмата за лојалност со купување на производи на продажните места се стекнуваат со поени и ексклузивни бенефиции согласно правилата и условите за членство во програмата за лојалност;
2.3. ФЕШН ГРУП е групација на следните правни лица:
- Фешн Груп Адриатик ДООЕЛ Скопје, Никола Кљусев 6/7, 1000 Скопје, Македонија
- Еурофешн Трејд ДОО Скопје, Никола Кљусев 6/7, 1000 Скопје, Македонија (во продавниците на Еурофешн Трејд ДОО, програмата за лојалност не е достапна)
- МГ Фешн ДОО Скопје, Никола Кљусев 6/7, 1000 Скопје, Македонија
- Битсиани Фешн ДОО Скопје, Никола Кљусев 6/7, 1000 Скопје, Македонија
2.4. “ФЕШН ГРУП клуб картичка” значи картичка која е поврзана со сметката на членот на Програмата за лојалност на која се евидентираат купувањата на членот на Програмата за лојалност, стекнатите поени, користењето на бенефиции, како и трошењето на поени;
2.5. “Интернет портал на програмата за лојалност” е посебно дизајнирана интернет страница www.fashiongroup.com.mk/loyalty каде членовите на Програмата може да добијат информации за условите за користење истата, како и информации за било какви промотивни понуди или други понуди кои се однесуваат на членовите на Програмата за лојалност;
2.6. “Член на програмата за лојалност” значи физичко лице кое ги прифатило правилата и условите за членство во програмата за лојалност и дало соодветнa изјава за согласност за користење на своите лични податоци на ФЕШН ГРУП;
2.7. “Поен” значи вредносна единица која се пресметува врз основа на реализираните купувања во согласност со Правилата и условите на Програмата за лојалност и по акумулирање на соодветен број на поени истите можат да се искористат при купопродажбата при што се смалува вредноста за износот кој купувачот решил да го искористи или потроши;
3. УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО:
3.1. Член во Програмата може да стане секоe полнолетно физичко лице кое ќе ги исполни условите за членство (направена сметка од или над 6.000 денари во продавниците од групацијата ФЕШН ГРУП кои припаѓаат на компаниите Фешн Груп Адриатик ДООЕЛ Скопје, МГ Фешн ДОО Скопје и Битсиани Фешн ДОО Скопје);
3.2. Адресата на е-пошта и мобилниот телефонски број наведени во апликацијата за членство во Програмата мора да бидат точни и валидни. Доколку членот на Програмата направи било какви измени во адресата на е-пошта, мобилниот телефонски број или во другите адресни податоци истото треба да го пријави во било кое продажно место на ФЕШН ГРУП со цел неговите податоци да бидат ажурирани во согласност со применливите прописи;
3.3. Зачленувањето во Програмата се врши во продажните места на ФЕШН ГРУП од компаниите Фешн Груп Адриатик ДООЕЛ Скопје, МГ Фешн ДОО Скопје и Битсиани Фешн ДОО Скопје со пополнување на Формулар за добивање на Фешн Груп картичка за лојалност и потпишување Изјава за согласност за користење на лични податоци;
4. СТЕКНУВАЊЕ НА ПОЕНИ:
4.1. Со зачленување во Програмата членовите се стекнуваат со право да стекнуваат поени при купување во продажните места на ФЕШН ГРУП, каде што е достапна програмата согласно овие Правила;
4.2. Членовите на Програмата, стекнуваат право при секоја трансакција дел од сумата која ја плаќаат да се префрли во форма на поени на нивната картичка, според следните услови:
Со направена сметка од или над 6.000 денари, корисникот се стекнува со картичка со основни бенефиции, со која 5% (или 2,5% за време на сезонски попуст) од секоја платена сметка во продавниците на ФЕШН ГРУП, каде што важи програмата се префрла на неговата картичка во форма на поени.
Со направени трансакции во висина од 60.000 денари во текот на една календарска година, бенефициите на картичката се зголемуваат на второ ниво со што 10% (или 5% за време на сезонски попуст) од секоја платена сметка во продавниците на ФЕШН ГРУП, каде што важи програмата за лојалност, се префрла на клуб картичката во форма на поени.
Со направени трансакции во висина од 120.000 денари во текот на една календарска година, бенефициите на картичката се зголемуваат на второ ниво со што 15% (или 7,5% за време на сезонски попуст) од секоја платена сметка во продавниците на ФЕШН ГРУП, каде што важи програмата за лојалност се префрла на клуб картичката во форма на поени.
4.3. Купопродажни трансакции кои се квалификуваат за стекнување на поени се сите купувања, со исклучок на купување со ВИП картичка, со некој друг вид на личен попуст, со личен попуст на вработените во ФЕШН ГРУП, со договор со синдикална организација или со вредносни ваучери.
4.4. ФЕШН ГРУП го задржува правото повремено да организира промотивни периоди во кои ќе доделува дополнителни поени на одредени селектирани производи.
4.6. Информациите за промотивните периоди и акции ќе бидат објавени на интернет страницата на ФЕШН ГРУП, www.fashiongroup.com.mk и на интернет порталот www.fashiongroup.com.mk/loyalty .
4.7. Поени може да се стекнат и да се евидентираат на клуб картичката исклучиво со нејзино приложување.
5. ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПОЕНИ:
5.1. Искористувањето на поените за плаќање важи во продавниците на ФЕШН ГРУП, каде што важи програмата за лојалност, по принципот 1 поен = 1 денар.
5.2. Искористувањето на поените за плаќање може да се реализира веднаш по нивното стекнување, освен при самото издавање на картичката кога мора да поминат 24 часа за да може да се користат стекнатите поени.
5.3. Искористувањето на поените нема ограничен временски рок.
5.4. Собраните поени не може да се претворат во пари, ниту може да имаат третман на било каков паричен депозит.
6. СТОРНИРАЊЕ НА ДОДЕЛЕНИ ПОЕНИ
6.1. Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за чие купување биле доделени поени истите ќе бидат сторнирани, односно ќе бидат одбиени од вкупната сума поени на неговата клуб картичка.
6.2. Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за чие купување користел поени, тие ќе му бидат вратени на неговата клуб картичка.
* Во случај на враќање, односно замена на производот треба да бидат исполнети следните услови:
- да биде приложена фискалната сметка за купениот производ;
- производот да биде вратен во оригиналното пакување;
- производот да биде во состојба во која бил купен без видливи оштетувања.
7. ОГРАНИЧУВАЊА:
7.1. Стекнатите поени не се преносливи и не се комбинираат од една на друга клуб картичка и може да се користат само со картичката на која се стекнати.
7.2. ФЕШН ГРУП го задржува правото да не додели поени во случаите кога ќе утврди дека се повредни правилата и условите на Програмата или било кој важечки применлив пропис, измама или злоупотреба на членството во Програмата.
7.3. ФЕШН ГРУП го задржува правото да го одбие секое идно барање за членство во оваа или било која друга програма за лојалност на ФЕШН ГРУП на лице за кое било утврдено дека направило измама или на друг начин ги повредило или злоупотребило правилата и условите за членство во Програмата.
8. ОТКАЖУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО:
8.1. Членството во Програмата може да се откаже во било кое време со поднесување на Барање за откажување на членство во Програмата. Со откажување на членството во Програмата за лојалност на ФЕШН ГРУП картичката ќе биде деактивирана.
8.2. Доколку во моментот на откажување на членството во Програмата, членот на Програмата има неискористени поени истите може да се искористат пред откажување на членството и деактивирање на картичката.
9. ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
9.1. Преку оваа веб страница не се собираат ниту се обработуваат лични податоци на корисниците на Програмата за лојалност. Зачленувањето во Програмата за лојалност и користењето на Fashion Group Клуб Картичка од страна на членовите на Програмата се остварува исклучиво во продажните места каде е достапна програмата за лојалност.
Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно интерните правила на ФЕШН ГРУП за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Македонија.
9.2 Личните податоци на членовите на Програмата за лојалност се обработуваат врз основа на дадена писмена изјава за согласност за обработка на лични податоци, при аплицирање за Fashion Group Клуб Картичка на некое од нашите продажни места. Согласноста за обработка ги вклучува следните лични податоци: име и презиме, адреса, електронска адреса, телефон и датум на раѓање.
Личните податоци на членовите на Програмата за лојалност може да се користат за директен маркетинг (SMS и/или е-mail) единствено по дадена согласност од страна на субјектот на личните податоци. На членовите им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на нивните лични податоци за цели на директен маркетинг. Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава во писмена форма при аплицирање за Fashion Group Клуб Картичка на некое од нашите продажни места, со пополнување и поднесување на формуларот за добивање на Fashion Group Клуб Картичка, каде во посебно означен дел од формуларот субјектот на личните податоци наведува дали се согласува или не се согласува неговите лични податоци да се користат за директен маркетинг, преку одбирање и означување на една од овие две опции понудени во формуларот.
Секој член на Програмата за лојалност кој дал согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, со доставување на писмено барање за повлекување на согласноста. Субјектот на лични податоци има право во секое време да поднесе приговор на обработката на неговите лични податоци поврзани со директен маркетинг. Повеќе информации во врска со „Политиката за користење на личните податоци за цели на директен маркетинг“ прочитајте на следниот ЛИНК.
9.3 Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на личните податоци за потреби на реализација на Програмата за лојалност.
При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци.
Личните податоци на членовите на Програмата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, односно додека трае членството во Програмата, при што се применуваат следните рокови:
- податоците за плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка / фактура;
- податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;
- податоците дадени за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци.
Членовите имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор. Членовите имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци. Прашањата и барањата на членовите поврзани со обработката на нивните лични податоци може да се упатуваат до Офицерот за заштита на лични податоци Билјана Крстевска преку следниот контакт:
Телефон: 02 3215 908
e-mail: b.krstevska@fashiongroup.com.mk
10. ДЕТАЛИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА
ФЕШН ГРУП
Адреса: Никола Кљусев 6/7, 1000 Скопје, Македонија
Тел (инфо): +389(0)2 3215 908
Интернет страница: https://www.fashiongroup.com.mk/
Интернет портал на Програмата: https://www.fashiongroup.com.mk/loyalty-card-fashion-group
Aдреса на е-пошта: оffice@fashiongroup.com.mk