Со цел да ја наградиме довербата на нашите клиенти, креиравме Loyalty програма која овозможува голем број на поволности при секое купување во нашите малопродажни објекти. 

Loyalty програмата не е достапна во продавниците на Еурофешн трејд: Fashion & Friends City Mall, Fashion & Friends East Gate, Guess City Mall, Hugo East Gate, Kiko Milano City Mall, Kiko Milano East Gate, Levi’s City Mall, Replay City Mall, Timberland City Mall, Timberland East Gate и Fashion & Friends Outlet ГТЦ.

Известувањето за промените во програмата за лојалност во продавниците на Еурофешн трејд е достапно на следниот ЛИНК

Повеќе информации за користењто на Loyalty програмата online, може да прочитате на следниот ЛИНК

Клиентите на Fashion Group кои ја имаат Loyalty картичката имаат можност да собираат вредносни поени со секое свое купување. Поените може да се искористат при следното купување во продавниците на групацијата, каде програмата е важечка, а истите се валидни за секој тип на плаќање.

Програмата за лојалност на Fashion Group овозможува клиентите да конвертират во поени најчесто од 2,5% до 15% од вредноста на купопродажбата што ќе биде доделена во форма на поени на контото на картичката.

 

Поголемиот обем на извршени трансакции значи и остварување зголемен бенефит и поволности при купувањето! 


 

Начин на собирање на поени:

 

Kaртичка со почетни привилегии

  • Картичката се стекнува со направена сметка над 6.000 денари во нашите продажни места каде што важи Loyalty програмата
  • 5% од купопродажбата при секое купување се префрла на картичката**.

Пример: со сметка од 3.000 денари добивате 150 поени = 150 денари.

 

Картичка со зголемени привилегии

  • Привилегиите се зголемуваат на 10% поврат на средства, со регистриран вкупен промет над 60.000 ден. во текот на 365 последователни денови.*
  • 10% од купопродажбата при секое купување се префрла на картичката.**

Пример: со сметка од 3.000 денари добивате 300 поени = 300 денари.

 

Картичка со најголеми привилегии

  • Привилегиите се зголемуваат на 15% поврат на средства, со регистриран вкупен промет над 120.000 ден. во текот на 365 последователни денови.*
  • 15% од купопродажбата при секое купување се префрла на картичката**.

Пример: со сметка од 3.000 денари добивате 450 поени = 450 денари.

 

*Доколку во последователни 365 денови, вкупниот регистриран промет изнесува под зададениот праг на зголемување/задржување на привилегиите, истите се намалуваат на соодветното ниво .

** За време на сезонски попуст пресметувањето на добиените поени е според преполовени вредности односно 2.5%, 5% и 7.5%.

 

 

Рокот за искористување на акумулираните поени е по желба и избор на купувачот, а е временски негораничен.

Освен собирање поени, нашите лојални купувачи ги добиваат и следните поволности:

  • Редовно информирање за пристигнување на нови колекции, промоции и попусти.
  • Користење на специјалните акции и попусти за лојални купувачи.
  • Ексклузивна можност за купување на сезонски попуст пред останатите.
  • Станувате дел од специјални настани наменети само за членовите на клубот на лојални потрошувачи.
  • Бесплатни кројачки услуги за корекција на панталони и одела.
  • Уште многу награди и изненадувања!

 

 

Злоупотреба на картичката не е дозволена и истата може да доведе до поништување на важноста на истата.

Fashion Group го задржува правото да ги промени правилата и условите за користење на картичките, за што ќе бидете навремено известени.

Во случај на губење на картичката, сопственикот е должен да ја информира компанијата за да може да се направи соодветна замена.

За Loyalty картичката може да аплицирате со сметка над 6000 денари директно во нашите продажни места, каде што важи програмата.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ