Почитувани потрошувачи,
Ве известуваме за промените во програмата за лојалност на групацијата Fashion Group кои стапуваат на сила од 12.02.2024 година.
Од наведениот датум, програмата за лојалност на Fashion Group заснован на cash back системот повеќе нема да биде достапна во брендовите на Еурофешн Трејд, односно Fashion&Friends, Hugo, Timberland, Kiko Milano, Replay, Guess, Levi’s.
Fashion Group ќе продолжи со подеднаква посветеност да ја спроведува програмата за лојалност во останатите брендови: Boss, Mango, Springfield, Women’secret, Bitsiani, Geox, Parfois, Dan John, Okaidi.
Во следниот период, Еурофешн Трејд ќе ја претстави својата нова програма за лојалност базирана на попусти за целокупниот асортиман од брендовите на компанијата.
Оваа одлука произлегува од желбата покрај сите разновидни понуди на водечките светски брендови, на нашите клиенти да им понудиме дополнителни опции и поволности кои се резултат на нивните желби и потреби.
Fashion Group ќе продолжи со подеднаква посветеност да ја спроведува програмата за лојалност во продавниците на Boss, Mango, Springfield, Women’secret, Bitsiani, Geox и Parfois во трговскиот центар Сити Мол и Mango, Springfield, Dan John и Parfois во трговскиот центар Ист Гејт.
Новата програма за лојалност на компанијата Еурофешн Трејд, заснована на попусти на целиот асортиман, ќе биде достапна исклучиво во продавниците на Еурофешн Трејд.
Со пополнување на формуларите за пристап кон програмата за лојалност во било која од продавниците на Еурофешн Трејд до 31.03.2024 – та година, истовремено ги пренесувате вашите моментални поволности во новата програма за членство, со што во новата програма го задржувате истото ниво на попуст.
Дополнително, доколку до 06.02.2024-та година не сте го искористиле целокупниот cash back износ на кој сте оствариле право по основа на учество во програмата за лојалност на групацијата Fashion Group, имате можност за пополнување на Барање во било која од продавниците на Еурофешн Трејд за добивање на гифт картичка во вредност на cash back износот што го имате. Гифт картичката можете да ја искористите до 31.03.2024 – та година во било која од продавниците на Еурофешн Трејд.
Ви благодариме за досегашната поддршка. Се радуваме што сме во можност и понатаму да ви понудиме исклучително шопинг искуство во нашите продавници.
Со почит,
Fashion Group и Еурофешн Трејд