Во просториите на продавницата на италијанскиот ексклузивен бренд Dan John во East Gate Mall, вчеравечер се одржа супер забава со неповторливиот Ris Flower во чиј мини концерт уживаа сите присутни.
Талентираниот музичар отпеа некои од неговите најпознати песни, но и „кавери“ на некои од омилените музички парчиња, со што направи вистинска мини забава во продавницата на познатиот бренд.
За забавата да биде уште поинтересна, вечерта беше збогатена со супер вкусните коктели на Васил Пеевски, кој со вистинска страст кон она што го работи, приреди вистински спектакл, а клиентите добиваа comeback ваучер во вредност од 500 денари со секоја сметка.
Присутните, меѓу кои и некои од актуелните познати македонски момци, вистински уживаа во музиката и вкусната храна, говорејќи за тоа од колкава важност е грижата за здравјето во секој поглед.
Со ова, го заокруживме месец ноември, како месец целосно посветен на грижата за машкото здравје во кој на секој можен начин, медиумите работеа да ја поткренат свеста кај мажите за оваа тема.
Во продавницата на брендот особено внимание предизвика новата колекција, полна шик парчиња во кои мажите ќе се чувствуваат подобро од кога и да е, а кои доаѓаат сосема навреме за студените денови пред нас.
Посетете ја и одберете парче од бројните модели на џемпери целосно изработени од ултра квалитетни и топли материјали, од јакните во кои целосно ќе уживаме во студената зима што доаѓа, но и од супер елегантните парчиња за важните пригоди пред нас.
Подеднакво привлечни се и чевлите и топлите модни додатоци со кои дополнително ќе ги истакнеме сите шик комбинации во периодот што нѝ претстои, а кои знаеме дека ќе ги обожавате.
За тоа како помина настанот во продавницата на Dan John во кој вистински уживавме, гледате од фотографиите низ текстот.