Веројатно најважното нешто за секој работодавец е да има силен и функционален тим што целосно ќе им се посвети на клиентите и нивните желби. Иако многумина посакуваат ваков тим, малкумина инвестираат во обучувањето на истиот.
Fashion Group како најголемата модна групација во земјава, со повеќе од 30 продавници во неколку градови во земјава, неодамна ја отвори Академијата за продажба во чии рамки искусните вработени од компанијата несебично го споделуваат нивното знаење со останатите.
Токму преточувањето на знаењето и искуството во ефективна продажна презентација на нововработените, е нешто од коешто зависи личниот прогрес, но и успехот на групацијата.
Предавачите во Академијата се стремат кон постојан развој на вработените во насока на нивен личен и професионален раст, а истата е организирана во теоретски и практичен дел каде вработените се стекнуваат со конкретни знаења од областа на малопродажбата.
Преку истата, нововработените се спроведуваат низ целиот процес на продажба, планираат и организираат продажни активности во пракса, споделуваат иновативни идеи за визуелниот изглед на продавниците...
Токму овие тренинзи се нешто што ѝ е неопходно на секоја компанија со цел составување на искусен продажен тим што ќе успее да одговори на барањата на клиентите, а истовреме ќе ги подобрува и своите перформанси.
Надоградувањето на вработените секогаш треба да биде приоритет на една компанија, а токму ваквата инвестиција е и повеќе од важна за Fashion Group поради што е и создадена Академијата за продажба.
Она на што секоја компанија треба целосно да се посвети е мотивација на своите вработени и развој на нивните способности, а токму ваквата Академија на Fashion Group е само еден начин истото да се оствари во долгорочни рамки.