Барај
%
×
HUGO
Уште една нова Superdry колекција промовирана со кул настан!
БЛОГ

Уште една нова Superdry колекција промовирана со кул настан!

 

Сосема во стил на брендот, новата колекција на Superdry овој викенд беше промовирана со интерактивен кул настан во продавницата во Сити Мол.

 

 

Секогаш уникатните девојки од Матра студио во самата продавница ги изработуваа најкреативните торбички, капи и маички со натписот „Ре Oблечи се“, кои заедно спакувани во кул пакетче беа вистинска атракција на настанот.

Инспирирани од удобноста и брзиот живот, омилениот бренд на младите Superdry и оваа сезона повторно нуди ултра интересна колекција, овојпат со малку посмирени бои, но секогаш квалитетни материјали вредни за инвестиција.

 

 

Во истата, оваа сезона ќе најдете дуксери, панталони, додатоци за студените денови, како и најквалитени јакни во кои ќе сакаме да го поминеме секој еден ден од сезоната што доаѓа.

Мисијата на брендот е секогаш да понуди удобни, но истовреме и тренди парчиња за вистинско уживање, па се чини овојпат истата ја реализира подобро од кога и да е.

Возбудени за новата сезона, клиентите беа воодушевени од уште поквалитетните материјали по кои се познати Superdry парчињата, па така вистински уживаа во шопингот проследен со одличниот избор на музика на Бојан Јанев. 

Персонализираните подароци беа само причина плус за среќните клиенти, а типографијата пресликана на кутиите и парчињата со потпис на Матеј Петковски, причина плус за „гужвата“ во Superdry.

Доколку сè уште не ја погледнавте колекцијата на брендот, сончевите денови се супер можност целосно да им се посветиме на планирање на комбинациите во кои ќе уживаме цела зима!

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата на настанот на промоцијата и разгледајте ги сите парчиња и онлајн!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

18.10.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...