Барај
%
×
HUGO
Fashion Group: Во мојот моден свет!
БЛОГ

Fashion Group: Во мојот моден свет!

 

 

Секогаш во потрага по свежина и уникатни животни приказни, оваа сезона најголемата модна групација Fashion Group ги претставува трендовите од еден поинаков агол.

 

 

Трендовски, но со визуелна порака како никогаш досега. Од прв до последен исклучително ведри и успешни во своето поле, центарот на вниманието оваа сезона е кон вработените во Fashion Group кои се ѕвезди на есенската кампања на компанијата.

Секој со своите вибрации, но со акцент на тоа дека излегувањето од комфорната зона може да биде забавно, момците и девојките ги носат комбинациите на сезоната.

Снимена на неколку локации низ главниот град, есенската кампања на Fashion Group ги прикажува вработените од еден друг агол, во едно сосема друго искуство од кое тие излегоа како вистински професионалци.

 

 

Нивната позитивна енергија беше главната причина за кампањата да биде и повеќе од успешна, а заедничката визија за хит трендовите на сезоната прикажана преку стилските парчиња на познатите брендови на групацијата.

Новата сезона е совршен момент за нови приказни, а секој еден од учесниците во кампањата визуелно ја раскажува својата и дозволува за момент да влеземе во нивниот свет.

Без разлика дали се вљубени во своите партнери, миленичиња, вежбањето, музиката или едноставно, добрите парчиња, овие исклучителни момци и девојки на прекрасен начин нѝ дозволуваат да се запознаеме со нивниот свет.

Ова е уште еден начин компанијата да им оддаде почит на своите вработени, сосема заслужни за успехот на истата, ставајќи на пиедестал дел од уникатните таленти кои ја претставуваат Fashion Group заедницата.

 

 

 

Оживувајќи ги сите нови парчиња од последните колекции на брендовите на компанијата, кампањата нè води на едно забавно патување низ препознатливи локации во Скопје, но прикажани како никогаш досега.

Сите до последен ултра шармантни и талентирани, некои од неодамна, а некои од самите почетоци, вработените се совршени предвесници на уште една неверојатно возбудлива модна сезона.

Fashion Group речиси 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава. Нејзиното портфолио вклучува некои од најголемите светски реномирани брендови како Boss, Hugo, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Levis, Okaidi, Superdry, Timberland, Replay и други. Целта од почетокот, па сè до денес е да им се овозможи на клиентите да го изградат личниот стил и да експериментираат со него, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Ова е уште еден одличен начин на кој компанијата ги претставува новите колекции на брендовите за есенската сезона, а ваше е да уживате во шопингот на сите парчиња во кои ќе блеснеме следните месеци!

 

 

 

 

 

 

 



















Организација и реализација: 
Fashion Group 

Фотограф: 
Мирко Табашевиќ

Шминка: 
Милена Косиќ

Фризура: 
Бубе Студио Ин

Стилист:
Бојана Максимовска
14.10.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...