Барај
%
×
HUGO
Есенските трендови прикажани преку индивидуалноста на вработените во Fashion Group
БЛОГ

Есенските трендови прикажани преку индивидуалноста на вработените во Fashion Group

 

 

Велат, пронајди работа што ќе ја сакаш и нема да мора да работиш ниту еден ден во животот...Новата кампања на модната групација Fashion Group оваа студена сезона целосно се осврна на прикажувањето на индивидуалноста и креативноста на вработените во компанијата кои долги години важат за големо семејство кое секојдневно живее под тоа мото.

 

 

Fashion Group речиси 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава. Нејзиното портфолио вклучува некои од најголемите светски реномирани брендови како Boss, Hugo, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Levis, Okaidi, Superdry, Timberland, Replay и други. Целта од почетокот, па сè до денес е да им се овозможи на клиентите да го изградат личниот стил и да експериментираат со него, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Она што прво ќе го забележите кога ќе се запознаете со тимот на компанијата е целосната слобода на вработените вистински да бидат она што инаку се, што веројатно е и причината за нивниот успех и напредувањето во кариерата.

Иако нивното секојдневие знае да биде предизвикувачко, токму тоа е она што истото го прави возбудливо, а фактот што работат во најголемата модна групација во земјава само придонесува за нивната мотивација.

Во новата кампања на Fashion Group, ќе се запознаете со дел од вработените кои секогаш имаат добра приказна за раскажување, некои дел од компанијата од самото постоење, а некои со ултра инспиративни приказни за неверојатен напредок.

Токму вработените се на пиедестал оваа сезона, прикажувајќи ги последните трендови во модата, одбирајќи парчиња кои совршено им прилегаат и кои ги прикажуваат од онаа страна што досега не ја знаевме.

 

 

Веројатно и не постои посилен тим од дуото мајка и ќерка во приватниот живот, а ако таа врска се преточи во исклучително успешна соработка и на работното место, тогаш успехот е загарантиран. Инспиративните приказни од вработените ги почнуваме со Силвана и Антонела Димитријевиќ, мајката асистент-менаџер за финансии, а ќерката – специјалист за корисничка поддршка, двете неверојатни вљубенички во модата.

„Јас сум дел од компанијата од првиот ден на основањето и секако, искуството стекнато во текот на сите овие децении се од непроценлива вредност. Мојот совет за мојата ќерка е да го вложи младешкиот ентузијазам и желбата за напредување и растење во професијата како продолжение на севкупната ентузијастичка енергија што секогаш била присутна во Fashion Group и е есенција без која не би ги постигнале денешните успеси. Непроценливо е искуството да сте дел од компанијата од почетокот, да бидете дел, но и сведок на таа првична огромна амбиција за раст и достигнување на нови успеси и совладување на секакви предизвици. Секако, тука спаѓаат и проширувањето на нашите сфери на дејност, а еден од најзначајните беше отворањето на „Скопје сити мол“ како огромен предизвик, но и успешна приказна што трае и до денес“, вели Силвана.

Антонела само потврдува дека професионалноста е она на што прво наишла во тимот, а истата, само ја продлабочила нејзината врска со мајка ѝ. За нејзиното искуство со клиентите и кои се предностите на онлајн продажбата последниве години, таа ќе каже:

 

 

 

„Нам ни е најважна добрата услуга и задоволството на нашите клиенти. Продажните салони се посебно искуство, каде што селекцијата на производите и услугата на персоналот се на лично ниво, но ангажирањето на вашето време со сегашното темпо на живеење е предизвик. Тоа е причината што едноставноста и достапноста преку нашата онлајн-платформа може да биде добра замена во моментите кога не располагате со доволно време, а знаете дека Fashion Group е секогаш тука за вас“, вели таа.

Кога говориме за исклучителниот напредок во компанијата, повеќе од мотивирачка е приказната на Јовица Крстевски, оперативен директор во Fashion Group и бренд менаџер на Timberland.

„Станав дел од групацијата пред повеќе од десетина години и оттогаш мојата кариера и мојот развој постојано одеа во нагорна линија. Со многу труд, желба и посветеност за учење, денес сум дел од оперативниот и комерцијален менаџмент на Fashion Group. Во текот на изминатите години имав личен и професионален раст во компанијата и мојата главна цел во моментот е да ги подобрам перформансите на пазарот, да ги реализирам сите комерцијални цели, како и да развијам вработени со потенцијал на кои им давам максимална поддршка за раст со крајна цел – успешно исполнети и завршени операции. Она што најмногу го сакам во моето секојдневно работење е соработката со престижните модни европски и светски брендови, дневната комуникација со вендорите, можноста за слободно и креативно изразување и, пред сè, шансата што секој ден имам простор да учам нешто ново“, вели Јовица чии модни избори секогаш се исклучителна инспирација.

Кампањата воопшто немаше да биде целосна ако во истата не беше вметнат и бренд менаџерот на култниот бренд Hugo Boss, Александар Јовановски чиј бренд оваа година бележи неверојатни 18 години на македонскиот пазар.

 

 

 

„Брендот Boss е за оние што водат детерминиран, независен живот со стил, пасија и причина. Boss го достигна својот статус на бренд-икона во модната индустрија по беспрекорниот крој, но тој е многу повеќе од само перфектен костум. Машката линија на Boss претставува иновативен дизајн со кој се формира разновидност во изборот за еден модерен стил на живот. Колекцијата содржи и Casual I Athleisure линија, за да се презентира комплетната слика за брзото темпо на модерниот живот. Одговорност, но и големо задоволство ми причинува тоа што работам со прекрасен тим. Тимот, како и колегите кои ги водат преостанатите брендови од групацијата Fashion Group, со својата колегијалност и несебична поддршка, здравата работна атмосфера во компанијата и брендот е најголемиот двигател на моето секојдневие. Тоа, надополнето со многубројни патувања, конвенции и искуства, се можеби главниот мотив што ме тера да се развивам на професионално поле, како во Boss, така и во Fashion Group“, вели Александар.

Креативната палка во речиси секоја компанија секогаш му припаѓа на маркетинг тимот кој секогаш има толку многу да каже, а зад истиот во Fashion Group стои Даниела Ѓуровска, маркетинг менаџер со исклучително истакнато чувство за мода.

„Маркетингот во денешницата е застапен во сите области. Навистина сум среќна и исполнета што двете професии, модата и маркетингот, можам да ги работам паралелно. Секоја ревија, проект, изложба во која имам учествувано како дизајнер или организатор, воедно и соработка со компании од различни сфери како моден блогер пред моето вработување во Fashion Group, се клучен фактор за денес моето работење во модна групација како маркетинг-менаџер да биде совршениот спој на две професии, за што сум неизмерно благодарна. Како групација, секогаш се трудиме да ги задоволиме потребите на нашите купувачи во секој сегмент од работењето. Предноста што се нуди кон нашите лојални купувачи е, пред сè, ексклузивност за сите новости и колекции што пристигнуваат во нашите продавници и е-продавницата. Воедно, лојалти програмата на Fashion Group овозможува голем број поволности при купување во сите малопродажни салони на групацијата. Сведок сум на извонредното работење на колегите во сите продажни салони и онлајн контакт-центарот што како приоритет во својата работа го ставаат интересот на купувачите“, потенцира Даниела.

А за клиентите да ја добијат најдобрата поддршка кога е онлајн продажбата во прашање се грижи тим на исклучително ведри лица, меѓу кои и ултра позитивната Александра Саздовска, онлајн координатор и специјалист во областа на е-трговијата која повеќе од една деценија е дел од семејството на Fashion Group.

„Тимот што победува не се менува – така вели една добропозната изрека. Денови исполнети во одлична работна атмосфера со тим од прекрасни луѓе, меѓусебна доверба, меѓусебно разбирање и мотивација е клучот до успехот и предноста за работењето во Fashion Group речиси цели 13 години. Слободно можам да кажам дека тоа е мојот втор дом во кој се чувствува работна хармонија и каде што има тимови на квалитетни луѓе кои низ годините заеднички придонесуваме за развојот на успешната приказна наречена Fashion Group. Кога говориме за нашите онлајн клиенти, морам да кажам дека секогаш на прво место е безбедноста. Сакаме секој наш корисник да се чувствува сигурен со податоците што ги споделува, следствено, секако да имаат одлично корисничко искуство, да добијат квалитетен производ во најкус можен рок, соодветно спакуван. Воедно, се стремиме да бидеме и сајт каде што секој може да добие идеја за промена на стилот, следење на најновите модни трендови и читање за сите новости поврзани со нашите производи, брендови и светот на модата“.

 

Реализација: Портрет Магазин

Фото: Александра Костадиновска

07.10.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...