Температурите во септември беа и повеќе од одлични, а тоа значеше бескрајни можности за секојдневни комбинации со нашите омилени есенски парчиња.
Почетокот на новите месеци со себе носи подеднакво пријатни температури, а сега е вистинскиот момент заедно да ги одбереме најубавите кошули во кои ќе блеснеме секој ден.
Ние направивме селекција од нашите омилени, ставајќи ги на пиедестал оние изработени од свила во неодоливи бои како зелена, розова и сина, а веднаш зад нив и оние во нежни нијанси кои секогаш важат за вистински класици.
Она што е одлично кај ваквите парчиња е што можеме да ги носиме на бројни приходи, особено за секојдневните состаноци на работа комбинирани со палто или кожена јакна.
Новите колекции на нашите брендови се полни шик парчиња меѓу кои и неодоливи модели на кошули кои се љубов на прв поглед.
Комбинирајте ги со фармерки со висок струк, со широки панталони или пак здолништа кои секогаш се полн погодок. Покрај кошулите, задолжителни за студената сезона се капутите кои се најдобри сојузници на истите, а секоја дама мора да има еден во плакарот.
За оние кои се вљубени во интензивните бои одберете од палетата бројни нијанси, а за оние кои секогаш се одлучуваат за нешто поедноставно, белите и нежно крем нијансите се создадени за вас.
Погледнете ги нашите фаворити за оваа есен и одберете ги вашите омилени за безброј шик есенски комбинации.