Инспирирана од океанот, новата револуционерна козметичка линија „Blue Me“ на Kiko Milano пристигна во продавниците на брендот во Сити Мол и Ист Гејт.
Совршен вовед за студените денови што допрва доаѓаат, лансирањето на есенската колекција на брендот беше означено со кул забава во продавницата во Сити Мол на која присуствуваа некои од највпечатливите македонски инфлуенсери.
Нашата позната мејк-ап артиска Милена Косич уште еднаш успеа да создаде совршен есенски изглед користејќи ги производите од новата линија на Kiko Milano, пренесувајќи им на присутните техники за „day to night“ шминка.
Брендот потврди зошто за толку краток период стана еден од омилените на македонските девојки, уште еднаш презентирајќи нѝ целосно веганска колекција полна со богати текстури, сместена во иновативно пакување од рециклирани материјали.
Во новата колекција девојките ќе пронајдат бројни производи за нега на лицето, истакнување на очите, нега на ноктите, како и доволен број шминки за успешно справување со секој еден ден од есенската сезона.
Она што е особено интересно е што овојпат, со цел заштита на океаните кои се целосна инспирација за колекцијата, големо внимание му е посветено на пакувањето кое е изработено од рециклирано стакло и алимуниум без воопшто пластика, а на истото има и QR код што ги информира клиентите за правилниот начин на користење и што со истото по искористувањето.
Целосно гледајќи кон одржливата иднина и тоа колку рециклирањето е од исклучителна важност, оваа сезона почнете од себе и грижете се за околината. Со самото користење на веганските производи од линијата на брендот, придонесувате за заштита на океаните и нивно зачувување со цел вистинско уживање во истите во годините што следат.
Оваа есен, изгледаме поубаво од кога и да е истовреме се грижиме за планетата бидејќи иднината е во наши раце!