Температурите паѓаат, затоа е време да го обновите вашиот гардеробер со впечатливи есенски бои, а синото и жолтото се она што ви е потребно за да изгледате незаборавно во секоја прилика. За мажите пак оваа сезона се враќа трендот на храбри комбинации во секогаш посакуваната црвена и розева боја.
Оваа есен во нашите продавници во моловите Ист Гејт и Сити Мол пристигна новата модна сензација каде се осврнуваме на колоритните комбинации со кои без сомнеж нема да останете незабележани. Освежете го вашиот гардеробер со ултра модерни парчиња од новите колекции есен-зима ’22 достапни во нашиот e-shop fashiongroup.com.mk или на бесплатната апликација. Време е да си поиграте со темпераментниот и ведар дух на боите за да ја развеселите есента.
Бидете забележани на секое вечерно излегување во новите парчиња на Desigual, уникатната жолта јакна и здолниште искомбинирајте ги со потпетици Steve Madden во индиго сина боја од новата колекција достапна во продавниците на Fashion&Friends.
Женствениот предзнак е секогаш нагласен, најчесто преку изборот на елегантни модни додатоци од накитот од Parfois. За дневните прошетки или пак кафе со пријателите уживајте во елегатната конфорност на пантолони и кошули на италијанскиот бренд Dan John, а навечер оставете силен впечаток во розовото Bitsiani палто. Springfield чизмите се “must“ парче кое треба да го обновите во вашиот ормар на кои буквално секоја девојка не може да им одолее. За сите урбани и лежерни комбинации секогаш нашиот прв избор би бил SuperDry. Додека пак за најмалите ги имате веселите парчиња на Okaidi, Mango kids и неодоливата детска колекција на Guess. Во вашата омилена мултибренд продавница Fashion & Friends ве очекуваат сите фаворити за оваа сезона.
Оваа есен, заблескајте во сите шик модели со Fashion group!
Ви ветуваме дека и оваа сезона со себе ќе донесе посебна магија и супер стилски денови со нашите брендови.
Calvin Klein Чанта, Tommy Hilfiger чанта, Tommy Hilfiger чанта 2
Реализација и организација: Fashion Group
Фотограф: Бојан Стоилковски