Она што секој еден од нас го сака кога ќе влезе во некоја продавница е да види насмеани лица кои секогаш се подготвени да нѝ помогнат во потрагата по совршеното парче.
Кога говориме за насмеани лица и позитивна енергија, тогаш не смееме, а да не ја споменеме продавницата на Fashion&Friends во Ист Гејт Мол каде низ долгогодишното искуство, Наталија Анчевска, придонесува за атмосферата да е и повеќе од топла.
Токму таа и нејзините колеги го прават ова место да биде уште поубаво од она што е, секогаш тука да излезат во пресрет на барањата на клиентите и заедно да ја пронајдат комбинацијата што најдобро ги отсликува.
Нејзината љубов кон работата и е повеќе од очигледна, а истата, таа ја надоградува цели 15 години како дел од семејството на Fashion Group.
„Мојата приказна во Fashion Group започна сосем случајно и тоа пред цели 15 години. Сосема успешно и посакувано, љубовта кон работата си го направи своето. Сите предизвици со кои се соочуваме на патот кон успехот, се надминуваат единствено со многу вложен труд, ведар дух и како што споменав, љубов кон она што го работите“, вели Наталија.
За напредокот во однос на нејзината позиција, таа ќе каже дека е и повеќе од среќна што го постигнала она што го посакувала и дека истото е впрочем надоградување на стекнатото знаење и пренесување на истото.
„Брзото секојдневие и самата динамична средина е само мотив повеќе за мене. Она што сметам дека е многу важно за да се издржи и да се успее во напредок во кариерата е ведриот дух, позитивниот став кон нештата, љубезноста кон клиентите и најважно, уживање во секој ден со насмевка“, завршува Наталија.