Барај
%
×
HUGO
Ја видовте ли модната кампања за која сите зборуваат?
БЛОГ

Ја видовте ли модната кампања за која сите зборуваат?

 

 

Откако Даниел Ли ја напушти креативната палка во Ботега Венета, сите очи се вперија кон неговиот наследник Матеу Блејзи за кој имаше мали сомневања дека ќе потфрли.

 

 

Но, кога некој ќе отвори ревија со модел облечен во фармерки и бела маичка, знаете дека сè може да се очекува од него. Токму новата кампања на Метју кој стои зад цела креатива на модната куќа, деновиве го „запали“ Интернетот кој овојпат, има само пофални зборови за него.

 

 

Имено, кампањата со која брендот уште еднаш го потврдува својот идентитет и ултра стилските парчиња е снимана во Италија и Белгија, од страна на млади и неафирмирани фотографи кои направија 41 кул фотографија.

Одличните фотографии се направени за време на ревиите на брендот во Италија, на „Хорст“ фестивалот во Белгија и дел во Соренто. Ова е прв пат моден бренд од ваков калибар да снима на вакви локации, а подеднакво возбудливо е што им се дава шанса и на младите фотографи со, по сè се чини, блескава иднина.

Стилист на кампањата е Алистер Меким, инаку уредник на i-D магазинот, а резултатот се овие одлични фотографии со уште подобри парчиња и уникатни моменти.

Доколку сè уште не ја погледнавте истата, сега е време да дознаете зошто Интернетот е опседнат со новата зимска кампања на брендот кој никогаш нема да престане да биде омилен.

 

 
 

 

 

 

 

 

 
01.09.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...