Барај
%
×
HUGO
Мантилите поради кои едвај ја чекаме есента
БЛОГ

Мантилите поради кои едвај ја чекаме есента

 

 

Секоја сезона постои едно парче што девојките го обожуваат и едвај чекаат да направат милион комбинации со истото. Сезонава што доаѓа, за многумина омилена, сите шик девојки во плакарот мора да имаат барем еден мантил со кој ќе ги заокружат комбинациите во кои ќе блеснат на ниските температури.

 

 

Ако максимално го уживавте летото, тогаш сега е вистинско време да ѝ се посветите на потрагата по совршениот мантил со кој ќе бидете впечатлива дива по градските улици.

Познатите ИТ девојки сезонава се вљубени во ултра долгите мантили во неутрални нијанси со кои ги прават најкул комбинациите што можете да си ги замислите. Токму мантилите се омиленото есенско парче на овие дами затоа што може да го комбинираат на безброј начини, па така ќе изгледате тотално шик ако истиот го носите со вашиот омилен летен фустан и сандали, доколку времето ви го дозволува тоа.

 

 

Комбинирајте го и со омилената кошула и џинс со широки ногавици, како и со навидум едноставна и памучна маичка на пруги.

Ова е парче кое е вистинска класика, па така, доколку сè уште не сте се одлучиле да инвестирате во истото, веруваме дека нашиот денешен избор ќе направи добро да размислите. 

Секогаш одлика на храбрите жени кои знаат што сакаат, мантилите се дефинитивно едни од парчињата што секоја девојка треба да го има во плакарот. Ќе ви послужи во секоја ситуација кога ви треба нешто елегантно за наметнување, но ќе биде и супер сојузник за секојдневните состаноци и излегувања.

Погледнете го нашиот избор и одберете го фаворитот во кој едвај чекаме да ги видиме вашите есенски комбинации!

 

 
 

 

23.08.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...