Како што нема поубави нијанси во летниот период од коралните, така нема поубаво овошје во летниот период од мангото.
Токму ова исклучително вкусно овошје денеска го прославува својот голем ден, потврдувајќи уште еднаш зошто е крал на овошјата.
Мангото за прв пат е пронајдено пред неверојатни 5.000 години во Индија и оттогаш е едно од најпопуларните овошја низ светот, а токму Индија е најголемиот производител на ова тропско овошје.
Покрај тоа што е неверојатно сочно и вкусно, мангото е омилено поради бројните здравствени придобивки и големата количина на витамин Ц, А и Б6.
Сосема соодветно, денеска го прославуваме денот на мангото со парчиња во корални нијанси потпишани од вашиот омилен бренд Mango.
Секогаш инспирирани од топлината на Медитеранот, колекциите на брендот се полни со модели кои се вистинско уживање за секоја сезона. Оваа, светлите и впечатливи нијанси се на пиедестал, прославувајќи ја убавината на летото и лежерноста што со себе ја носи.
Овој петок, се подготвуваме за супер викенд и одмор како никогаш досега, со совршен избор на парчиња во бои кои неодоливо потсетуваат на мангото.
Во изборот додадовме и модни додатоци кои секогаш ја украсуваат комбинацијата, а во ниту еден момент не заборавивме ниту на очилата за сонце.
Петокот е совршен за разладување со парче манго и нов фустан во портокалова нијанса!