Барај
%
×
HUGO
Спремни за на плажа со новата колекција на Parfois!
БЛОГ

Спремни за на плажа со новата колекција на Parfois!

 

Ако веќе ги одбравте парчињата во кои планирате да го поминете секој еден ден на плажа, време е да ги „зачиниме“ комбинациите со супер накит! Секогаш, таквиот го наоѓаме во продавниците на Parfois каде ова лето истиот е доведен на едно сосема ново, тотално шик ниво!

 

 

Покрај стилскиот накит на брендот што неодоливо нè потсетува на долгите топли денови на песочните плажи, девојките ќе најдат и други додатоци како шапки во многу варијанти и сламени чанти создадени за сортирање на неопходните работи.

И оваа сезона омилениот бренд на девојките нè носи во летни авантури претставувајќи супер колоритен накит, но и таков во малку посмирени, крем нијанси кои се сосема соодветни и за вечерните летни забави.

 

 

Последниве години, колекциите на Parfois се полни и со шик парчиња облека, па така, тие не заборавија и ова лето да понудат тренди модели со варијации на неодоливи летни дезени.

Повторно, Parfois девојките се тотално слободни, секогаш подготвени за нови авантури и откривање на нови светови. Се забавуваат бескрајно, уживаат во секој ден од летото и создаваат спомени за паметење.

 

 

 

Одберете ја вашата совршена комбинација и уживајте во додавање на многу накит во деновите кога се чувствувате така, или пак нешто минималистичко во некој од посмирените денови. Она во што сме сигурни е дека што и да одберете, ќе бидете најстилската и највпечатлива дама на плажата што ја одбравте за уживање ова лето!

Целата колекција погледнете ја на следниов линк и во продавниците на брендот.

 

 
 

 

 

 

 
15.06.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...