Ако сè уште не го најдовте вистинското парче за ова лето што ќе ви го олесни правењето на сите комбинации, тогаш денеска ве запознаваме со култните бермуди!
Подобри од кога и да е, ова лето кусите панталони доаѓаат во постилски верзии од кога и да е. Одберете го вашиот фаворит и уживајте во сите летни денови пред вас.
Девојките особено ги обожаваат поради можноста да се комбинираат со голем број парчиња, но и да се носат на буквално секоја пригода во претстојниот период.
Не двоумете се и комбинирајте ги со бела маичка за дневна прошетка, со кошула и палто за работните обврски, но и со дуксер и патики за уживање во авантурите што со себе ги носи летото.
Она што е особено убаво кај овие парчиња е тоа што речиси никогаш не излегуваат од мода, па така, инвестиција во шопинг на истите секогаш е оправдана.
Во зависност од потребите на вашиот плакар и секако, вашиот вкус, нашите брендови во своите колекции оваа лето вметнаа мноштво модели почнувајќи од едноставни тексас панталони, па сè до такви со разни шик принтови, панделки, бои и дезени.
Апсолутен хит ова лето се oversized бермудите, па ако сè уште немате купено ниту еден модел, токму овие се добар начин да ја отворите сезоната.
Бермудите се идеален избор за секој ден од вашиот летен одмор, па потрудете се во куферот да ставите што е можно повеќе модели за вистинско уживање во секој ден од летото.
Ние денеска ви претставуваме некои од нашите омилени модели овие денови, а за многу повеќе посетете ги нашите продавници или направете го вашиот избор онлајн!