Барај
%
×
HUGO
Како Superdry стана еден од најкул брендовите во модниот свет?
БЛОГ

Како Superdry стана еден од најкул брендовите во модниот свет?

 

Ако сте од оние кои секогаш сакаат уникатно парче што раскажува посебна приказна и е направено од најквалитетните материјали што некогаш сте ги виделе, тогаш време е за шопинг во Superdry.

 

 

Формиран во 2003 – тата во Британија од Џулијан Данкертон, благодарение на интересната употреба на јапонската култура при изработка на парчињата, брендот за кратко време станува ултра популарен не само во родната земја, туку и низ целиот свет.

Стилските момци и девојки и впрочем сите оние што знаат што сакаат кога е модата во прашање, веднаш ја препознаваат уникатноста и квалитетот на брендот и уживаат комбинирајќи ги нивните парчиња.

 

 

Она што го воздигна брендот за многу кратко време е токму оригиналноста, па речиси и да не постоеше ден на социјалните мрежи, а да не забележиме како некој носи парче испишано со јапонски букви.

Толку дизајнерски, уникатни, анонимни, но сепак супер квалитетни – сосема накусо ова се некои од коментарите што секогаш се поврзуваат со брендот.

Одеднаш, гледате наоколу и сите носат супер кул дуксери, карирани кошули создадени за уживање во зимските денови, маички на куси ракави со впечатливи бројки во предниот дел и сите до последно, изработени од најмеките материјали создадени за целосно уживање.

Токму овие се само дел од причините поради кои групацијата Fashion Group одлучи да ѝ го претстави брендот на македонската публика која веднаш го препозна квалитетот на парчињата и за многу кратко време стана омилен.

 

 

 

Денес, Superdry носат сите оние што знаат што сакаат во животот. Сите оние кои ја обожаваат функционалноста, но помалку се вљубени и во тренди парчињата, но сепак сакаат да останат свои.

Superdry има публика каква што секој бренд посакува. Оригинални, со ненаметлива доза шарм, но сепак толку очигледна кога ги носиме парчињата. Момци и девојки кои купуваат парчиња за зимски одмор, но немаат проблем да испијат кафе во истите. Токму лежерноста на парчињата освојува на прв поглед, а тоа секогаш е најважно кога говориме за удобна облека.

Новата колекција на брендот е токму таква. Парчиња за вистинско уживање во секојдневието, парчиња за прошетка со омилените, парчиња за бескрајно истражување на плажа. Доколку сè уште не поседувате парче со потпис на Superdry, овој петок е совршено време да ја исправите грешката, а ќе ни заблагодарите подоцна.

Ве очекуваме во Сити Мол и онлајн за удобен шопинг!

 

 
 

 

 

 

 
03.06.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...