Барај
%
×
HUGO
Сите парчиња со кои ќе бидете кралица на забавите!
БЛОГ

Сите парчиња со кои ќе бидете кралица на забавите!

 

Откако подолг период малку како да подзаборавивме како изгледа една добра забава, повторно се враќаме на дружбите со пријателите и прекрасните поводи на кои наздравуваме за убавите работи во животот.

 

 

Додека траеше пандемијата имавме доволно време да го надоградиме стилот со ултра кул парчиња, а подеднакво неодоливи ќе најдете и во нашите пролетни колекции кои само за вас, ги сместивме на едно место.

Во колекцијата едноставно наречена „Wedding&Prom“ ќе го најдете сето она што ви недостасуваше за да се појавите во вистински стил на пролетните забави закажани за следниот период.

 

 

Се чини сите сакаме да го покажеме нашиот нов стил составен од парчиња во многу боја, бестрашни модни додатоци и впечатливи чанти и чевли како никогаш досега.

Меѓу хит моделите на сезоната посебно се истакнуваат токму оние во интензивни бои како зелена, виолетова, сина, розова и многу други со кои полека, но сигурно почнуваме да експериментираме со стилот, а тоа е секогаш толку забавно.

Она што единствено треба да го имате на ум е секогаш да одберете парчиња во кои се чувствувате супер удобно за да можете целосно да уживате на забавата.

 

 

 

Посебна радост сезонава носат токму пастелните нијанси, кои полека, но сигурно се враќаат во нашите плакари, а тоа секогаш носи толку многу радост во облекувањето.

Одберете фустан со романтичен карактер и ефектен изглед за да бидете нежна дама на забавата, или пак некој во карактеристична јака боја и интересна должина за да бидете вистинска кралица.

Сезонава не смееме да ги заборавиме ниту женствените фустани и комбинезони во црна варијанта кои секогаш изгледаат толку добро, а комбинирани со сандали во светкаво издание се уште повисоко ниво.

Сите овие парчиња за кои говориме и многу повеќе, за стилските момци и девојки ќе ги најдете во нашите продавници во Сити Мол и Ист Гејт Мол, но и онлајн на едно место во колекцијата што ја гледате и уживате на следниов линк!

 

 
 
 
 
 

 

 

10.05.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...