Барај
%
×
BRAND OF THE WEEK - Geox
Два фустани Mango се подобри од еден!
БЛОГ

Два фустани Mango се подобри од еден!

 

Веројатно не постои девојка на светот која не е воодушевена од стилот на шпанската кралица Летиција, а таа уште еднаш докажа зошто е тоа така.

 

 

Секогаш одбирајќи исклучително стилски парчиња, на церемонијата на доделувањето на наградите на истакнати луѓе во нивната професија, кралицата и една дама од наградените се појавија во исти фустани што многумина би го сметале за невкусен момент.

Но, благодарение на секогаш позитивната Летиција и подеднакво расположената професорка по право Вивас – Тесон, моментот стана вистинска сензација на Интернет.

 

 

Доделувајќи и ја наградата, тие се прегрнаа и навистина интересно реагираа на случајниот момент кој се претвори во случка за паметење.

Имено, фустанот е со потпис на еден од омилените брендови на кралицата, Mango, соодветен за бројни специфични прилики и навистина впечатлив за секоја прилика во која сакате да се истакнете.

Станува збор за фустан изработен од исклучително пријатен материјал, половина црна, а половина бела нијанса, со ремен во темна боја на половината, што го прави неверојатно елегантен.

 

 

Двете дами го комбинираа фустанот со црни потпетици и чанти во иста нијанса, и со нежен накит и шминка кои совршено одговараат на моделот.

Инаку, наградите што секоја година традиционално ги доделува кралицата Летиција, се однесуваат на лица кои се истакнати во својата работа, а кои им помагаат на лицата со попреченост полесно да се вклучат во општеството.

Овој и многу други стилски фустани за претстојната пролет можете да најдете во продавниците на Mango во Сити Мол и Ист Гејт Мол, но и на нашата онлајн продавница преку следниот линк.

 

 

 

06.05.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии