Барај
%
×
HUGO
Блејк Лајвли го „украде“ вниманието на Мет Галата 2022
БЛОГ

Блејк Лајвли го „украде“ вниманието на Мет Галата 2022

 

Утрово се чини сите ги разнежни можеби највпечатливиот момент на синоќешната Мет Гала, кога актерот Рајан Рејнолдс со вљубен поглед и аплаудираше на неговата сопруга која изгледаше како модерна кралица на овогодинешното издание на најинтересната ноќ во модата.

 

 

Облечена во спектакуларна креација на Ателје Версаче, прекрасната актерка ги „украде“ сите погледи кога пристигна на годинешното издание на Мет Галата чија тема годинава беше – Антологија на модата или давање признание на сите „неопеани“ херои на американската мода.

Неверојатен момент се случи кога таа со помош на тројца асистенти го претвори фустанот што инаку беше ода на Статуата на слободата, во фустан со сини нијанси кој асоцираше на корозијата што моментално се случува на култниот споменик.

 

 

Сосема очекувано, по две години ковид хаос, на црвениот килим видовме некои од најпознатите лица во Холивуд, облечени во исклучително интересни и впечатливи златни, сребрени и црни креации, сите на свој начин посебни, истакнувајќи ја важноста на американскиот дизајн.

Ѕвездите и оваа година одбраа креации на некои од најпознатите вклучувајќи ги Версаче, Баленсијага, Диор, Барбери, Оскар де ла Рента, Вивиен Вествуд и многу други.

 

 

 

Најинтересна со креацијата веднаш по Блејк Лајвли беше Ким Кардашијан која беше олицетворение на Мерилин Монро, облечена во култниот златен фустан што Мерилин Монро го носеше кога му пееше на Џон Ф.Кенеди во 1962 – та година.

Со ова, старлетата и официјално го носеше најскапиот фустан во историјата на Мет Галата.

Доста впечатливи на црвениот килим беа и другите сестри Кардашијан, но и манекенката Џиџи Хадид која изгледаше навистина интересно во темно црвена креација на Версаче.

За тоа како изгледаа ѕвездите на најгламурозната ноќ во модата, гледате низ текстот.

 

 
 
 
 
 

 

 

 

 

 

Фотографии: Vogue 

03.05.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...