Барај
%
×
HUGO
Најдобриот матурски избор со брендовите на Fashion Group
БЛОГ

Најдобриот матурски избор со брендовите на Fashion Group

 

Сосема навреме за матурската вечер, вашата омилена модна групација Fashion Group ги претстави новите колекции на своите познати брендови, сега, пософистицирани од кога и да е.

 

 

Без разлика дали за вечерта што едвај ја чекате посакувате шик и тренди костим или пак засебни модерни парчиња, во брендовите на Fashion Group ќе го пронајдете сето она што си го замисливте и многу повеќе.

Како и секогаш, секое едно парче од новите колекции е изработено со многу љубов, од исклучително квалитетни материјали, со модерни кроеви што ги прават супер неодоливи и единствени.

 

 

Она што ви останува откако ќе завршите со супер шопингот е комбинацијата да ја збогатите со модни додатоци како вратоврска и стилски копчиња, доколку изборот е софистицирана кошула, или пак нешто ултра тренди како алка и марама ако одбравте „кежуал“ варијанта.

Бидете ѕвезда на матурската вечер и без двоумење експериментирајте со стилот, па така на светло крем костимот додадете му патики и маичка во нежна сина нијанса, на белата ленена кошула, чевли во впечатлива кафена боја и модни додатоци што ќе ве истакнат од толпата.

 

 

 

Во каталогот на нашиот бренд Битсиани што го подготвивме за да ви го олесниме изборот оваа година, ќе најдете и едноставни, но истовремено ултра впечатливи комбинации како на пример кул верзија од класичните панталони со поло маичка во нежна нијанса што совршено ќе ви прилега доколку сте од оние кои не се обожаватели на класичниот изглед.

Секако, за сите оние кои секогаш сакаат нешто повеќе од комбинацијата, во нашите брендови ќе најдете и парчиња со кои дефинитивно ќе бидете крал на матурската вечер, како на пример со сите модели на чевли во продавницата на Битсиани кои се кроени за оние што покрај удобноста, бараат многу повеќе за да остават впечаток.

Она што сосема на крај е најважно од сè е вашата исклучително позитивна енергија кога се работи за вечерта во која треба да создадете спомени за паметење.

Сега е вистинско време да почнете да размислувате за совршената матурска комбинација, а ние ве очекуваме во нашите продавници за заедно да го одбереме она што најмногу ви одговара.

 

 
 
 
 

 

 

 

 

 

 

19.04.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...