Веројатно веќе знаете дека низ годините наназад едни од омилените чанти на познатите дами ширум светот се оние со потпис на брендот Guess чии производи можете да ги најдете во истоимената продавница во Сити Мол и во оние на Fashion&Friends.
Исклучително функционални и секогаш во полза на потребите на дамите, чантите на Guess се секогаш едни од најпродаваните во нашата групација, благодарение на одличниот дизајн што се прилагодува на трендовите од сезона во сезона.
Оваа, дизајнерите на брендот повторно нè израдуваа со мноштво хит модели во кои знаеме дека веќе се вљубивте и дека дел од нив веќе ги комбинирате со вашите стајлинзи.
Токму овој исклучително шик моден додаток е еден од омилените на жените ширум светот кои секогаш се подготвени на шопинг на нова чанта и толку воодушевени од секој нов ит модел од сезона во сезона.
Истото е и случај и оваа, во која на огромно задоволство на многу девојки, сите ит чанти што ги гледаме низ улиците се во неодоливи бои кои совршено се вклопуваат со најголемиот дел од трендовите кај облеката.
Она по што брендот Guess е познат е тоа што иако сите парчиња што излегуваат од модната куќа се тотално тренди, истите се и толку неверојатни што претставуваат вистински класици во кои секогаш вреди да се инвестира.
Токму такви парчиња се и нивните чанти што девојките секогаш толку ги обожаваат, а истото е и случај со новата сезона. Тие доаѓаат во многу нови бои и свежи нијанси од оние веќе познатите, а особено омилени се и принтовите кои се толку впечатливи и кои знаеме дека ќе ги обожавате.
Без разлика на тоа која чанта ќе ја одберете, бидете и повеќе од сигурни дека ќе бидете ит девојката во градот и секогаш ќе изгледате неверојатно добро!
Ние направивме мала селекција на најпопуларните чанти од брендот за сезонава, а покрај во нашите продавници, истите можете да ги најдете и онлајн на следниот линк.
Средата е толку среќна за шопинг на нова чанта!