Секогаш познати по кул соработките, вашиот омилен колоритен бренд Desigual лансираше нова колекција во соработка со Дизни, со Мики Маус како главен протагонист во истата.
Брендот ја продлабочува соработката и со светски познатиот дизајнер Кристијан Лакроа со кого и претходно има соработувано, за оваа сосема нова и ултра позитивна колекција која потсетува на едни омилени, безгрижни времиња.
Полна со кул модели на патики, џемпери и блузи направени од најфини материјали, тексас парчиња со цртаниот лик, но и модни додатоци како капи за топлата сезона, ранци и чанти, оваа колекција е сè што вљубениците во позитивните парчиња ќе посакаат.
Како и секогаш, така и овојпат, брендот колекцијата ја претстави преку супер фотографии од кои уште еднаш сведочиме за позитивната философија на компанијата како уживањето во себе изразувањето и танцот како симбол на животот.
Токму тоа е и заедничкото на познатиот цртан лик и компанијата поради кое тие се сретнуваат и создаваат ултра позитивна колекција чии парчиња се едни од омилените за оваа топла сезона.
Покрај овие, брендот на своите обожаватели повторно и оваа сезона им нуди исклучително уникатни парчиња во кои девојките веќе уживаат, а истите можете да ги најдете во нашата онлајн продавница или во продавницата на Fashion&Friends каде се изложени сите и чекаат да станат дел од вашите шик комбинации.
Секогаш толку забавни, сите колоритни парчиња се одраз на она како треба да изгледа една безгрижна пролет која секогаш повикува на забава со пријателите, на луди авантури за кои ви требаат токму вакви парчиња, а истите секогаш се со потпис на твојот омилен бренд.
Сезонава, оставете ги сите здодевни парчиња настрана и уживајте во она што се е вистинска забава, кул принтови и неодоливи материјали преточени во парчињата на Desigual кои мора да ги имате!