Овој празник, малку поинаку од сите досега, решивме целосно да го посветиме на самите себе, на нашата внатрешна сила која како жени ја поседуваме во несекојдневни размери.
Овој 8-ми март, си купуваме подарок на самите себе. Да, ќе го купиме она што прво ви дојде на ум кога влеговте во омилената продавница, ќе одиме на курсот за кој толку многу размислувавме, ќе си уплатиме членство во омилениот фитнес центар...
Ние, само за вас, подготвивме уникатна колекција на чии парчиња им додадовме -20% намалување, а во кои знаеме дека секоја дама ќе го пронајде својот фаворит.
Полека се приближуваме кон најубавата пролетна сезона, сезоната во која сè се буди, па така и сите оние нови трендови во кои ќе уживаме во периодот што следи.
Оваа пролет, бидете нова верзија од себе, експериментирајте со стилот и уживајте во бесконечните можности што со себе ги носат новите денови...
Отфрлете ги сите оние здодевни комбинации и мисли што ве спречуваа да одите силно кон иднината и само сега, со сета внатрешна сила што ја поседувате, целосно уживајте во секој момент од пролетта.
Овој празник, секогаш е тука само да нè потсети на неверојатните подвизи на сите силни жени низ историјата и по којзнае кој пат да нѝ докаже дека секоја жена, може да го оствари она што силно ќе го замисли. Овој 8-ми март е целосно посветен токму на тоа, на рушење на сите оние граници што мислиме дека постојат пред нас, а тие се само уште една скала погоре до она што го посакуваме.
Денеска, впрочем како што и секој друг ден треба да биде, одвојте време за себеси и правете го она во што најмногу уживате, поминете ден сама со себе, поминете квалитетно време надвор, земете си слободен ден, уживајте во прегратките на децата.
Ние, како и секоја година, така и оваа, во сите наши продавници и онлајн, подготвивме многу изненадувања за да ви го направиме денот уште поубав, со исклучителни намалувања, сосема навреме за експериментирање со стилот оваа пролет.
Денот целосно ви го посветуваме вам, нашите омилени дами и пронаоѓањето на онаа силната жена во вас која знаеме дека постои.
Честит 8-ми март!