Барај
%
×
HUGO
Носиме стилски труднички комбинации како Rosie Huntington-Whiteley
БЛОГ

Носиме стилски труднички комбинации како Rosie Huntington-Whiteley

 

Откако во првата бременост секојдневно беше инспирација за многу девојки кои беа во исчекување, прекрасната Рози Хантингтон-Вајтли се чини блесна со комбинациите и во втората бременост.

 

 

Сосема очекувано, прекрасната манекенка изгледа навистина прекрасно најверојатно во последниот месец од бременоста, постојано објавувајќи супер стилски труднички комбинации со кои им помага на бројни девојки ширум светот кои немаат инспирација, а се во иста состојба како Рози.

Дека дефинитивно е една од најстилските дами во светот, докажува и фактот што таа прави и едни сосема обични тренерки да изгледаат совршено во комбинација со патики и шик јакна, па со само малку труд, и вие можете да изгледате како неа.

 

 

Бременоста не секогаш значи широка облека, туку можеби и сосема спротивно – она што вам добро ви прилега и во кое се чувствувате удобно.

Последно, можевме да ја видиме прекрасната манекенка во тесен фустан во кафена нијанса што ѝ прилегаше и повеќе од одлично, а истиот е еден од омилените во моментов и веднаш достапен во многу од нашите брендови.

 

 

 

Без двоумење, комбинирајте го со џемпер, долго палто и што уште не, за супер шик труднички изглед. Секоја нејзина комбинација е супер минималистичка, а сите парчиња лесно можете да ги вметнете и во вашиот стил.

Ние денеска, ви ја олеснуваме потрагата по омилените парчиња на Рози и ве радуваме дека дел од нив се на супер сезонско намалување и се одлична инвестиција!

 

 

 

 
 
24.01.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...