Барај
%
×
HUGO
Најстилските парчиња во Fashion Group на намалување до -70%!
БЛОГ

Најстилските парчиња во Fashion Group на намалување до -70%!

 

Првиот месец од годината со себе секогаш носи нови предизвици, па сосема очекувано е да сакаме истите да ги дочекаме подготвени! Веројатно веќе знаете дека токму месец јануари е месец на сезонските намалувања, па листата на парчиња и процентот на попустите постојано се зголемува!

 

 

Истото е случај и во продавниците на вашата омилена модна групација Fashion Group, каде од денеска, намалувањето во одредени брендови ќе достигне и до неверојатни -70%! Одвојте време за супер шопинг и посетете ги продавниците на Guess, Fashion&Friends, Levi’s и Dan John каде токму од денеска, 18.01, намалувањата достигнуваат и до -70%!

 

 

Сега е полесно од кога и да е, без двоумење да си ги набавите сите парчиња кои беа на вашата wish list и да ги направите комбинациите за кои отсекогаш мечтаевте.

Момците пак, не смеат да ја пропуштат неодоливата понуда на омилениот Boss во чија продавница и онлајн ве чекаат неодоливи парчиња на намалување од -30%, а за нови авантури секогаш се подготвуваме во Timberland каде намалувањата достигнаа и до -60%!

Никогаш не било полесно да направите шик комбинации и за овие студени денови, со оглед на тоа што сега, најтоплите класици и тренди парчиња во нашите продавници можете да ги најдете по супер цени.

 

 

 

Сега е она време за да си го набавите омилениот капут или јакна, но и сите оние обувки за кои си велевте дека неодоливо ќе ви прилегаат со зимската комбинација што си ја замисливте. Не двоумете се и набавете си ги и сите романтични кошули, дуксери и маички на куси ракави со кои стилски ќе ја започнеме топлата сезона која ќе дојде многу побрзо одошто очекуваме. Она на што знаеме дека ќе се израдувате е и информацијата дека од утре, 19.01 започнува супер намалување и во Parfois, Women’secret, Springfield, Replay и Mango и тоа до неверојатни -70%, додека во Okaidi е сè на -50% и во Geox до -50%! Знаеме дека е многу тешко да се одолее на сите овие понуди, па затоа добро подгответе се пред да тргнете на шопинг. Секогаш, истиот можете да го направите и преку нашата онлајн продавница, каде ве чекаат подеднакво неодоливи понуди!

 

 

 

 

 
 
 
18.01.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...