Веќе подолг период уживаме во екот на есенската сезона која за среќа, нè почести со убаво и сончево време совршено за инспиративни комбинации.
Кога говориме за инспиративните есенски комбинации, дефинитивно постои еден бренд чии обувки секогаш се толку уникатни и изгледаат тотално шик при стилизирањето.
Оваа сезона, девојките повторно се надминаа себеси кога се во прашање обувките со потпис на UGG, а токму сега е совршено време за шопинг на вашиот омилен пар ако сè уште не го направивте тоа.
Сосема во стил на есента, одбирајќи парчиња во земјени тонови, девојките и оваа сезона ги одбираат топлите и супер удобни UGG модели, сега, надополнети со украси како панделки и синџири, интересни пресеци, како и неодоливи бои. Девојките на Инстаграм обожаваат да ги споделуваат своите комбинации со омилените обувки, а од она што можеме да видиме, во истите тие вметнуваат и лежерни и романтични есенски фустани, шик фармерки и панталони дополнети со кошула и плетен елек, волуменозни џемпери и што уште не.
Во продавницата на Fashion&Friends деновиве пристигна новата колекција на брендот, па доколку сè уште не ги погледнавте вашите фаворити, сега е совршена можност за тоа. Доколку сте од оние што уживаат во шопингот од дома, само за вас денеска подготвивме мала инспирација која знаеме дека ќе ви се допадне!