Кога говориме за есенските комбинации, прво што нѝ доаѓа на памет е раскошна палета од земјени бои кои секогаш изгледаат толку добро!
Но, новата колекција на вашиот омилен бренд Манго, потврдува дека секоја дама во својот плакар треба да има и парчиња во црно – бели нијанси кои се вистински класици и кои секогаш се парчиња во кои вреди да се инвестира.
Спојот на црната и бела боја е секогаш нешто на што му се враќаме, без разлика на трендовите во однос на боите во конкретната сезона. Дизајнерите на Манго и овојпат создадоа неверојатно добра колекција во која вметнаа парчиња токму во овие бои, но пресликани преку тренди и истовремено топли модели кои знаеме дека ќе ги обожавате.
Она што е прекрасно во оваа колекција едноставно наречена „Salt&Pepper“ е тоа што сите парчиња се навидум едноставни, но толку тренди скроени и посветени на целата женска популација без оглед на годините.
Во пресрет на студените зимски денови, одберете од фустаните од твид комбинирани со бели кошули за ретро изглед, кусите палта со впечатливи копчиња надополнети со куси здолништа во ист принт или пак од „ѕвонастите“ фармерки кои девојките сезонава ги носат со шик дебели џемпери. Иако обоени во црна и бела нијанса, сите парчиња од новата колекција на Манго се неверојатно возбудливи и како создадени за комбинација со вашите омилени парчиња сезонава. Оваа есен, не двоумете се и експериментирајте и со пепито дезенот и шах принтот како едни од омилените во оваа колекција.
За сите дами кои секогаш сакаат нешто повеќе, брендот и овој месец нуди сосема нови колоритни парчиња во рамки на останатите колекции, а нашите фаворити се оние во темно зелена и виолетова нијанса!
*Парчињата од новата колекција на Манго можете да ги најдете онлајн како и во нашите продавници во Ист Гејт и Сити Мол.