Веројатно парчињата од тексас се дефинитивно едни од омилените на момците и девојките ширум светот, благодарение на нивната навидум едноставност, но неверојатна примена кога се стилските комбинации во прашање.
Без разлика дали станува збор за вашите секојдневни стајлинзи, или пак оние посвечените, парчињата од тексас секогаш изгледаат толку добро. Од денеска, во нашите продавници и онлајн започнува една од омилените промоции на која знаеме дека и вие ќе се израдувате. Станува збор за акција во чии рамки добивате неодоливи -20% на најстилските парчиња од тексас на нашите брендови за уште постилска студена сезона пред нас.
Оваа супер промоција доаѓа токму на време кога среќно се збогувавме со лежерните парчиња во кои уживавме во текот на топлите денови и токму тогаш кога треба да одбереме комбинации со кои ќе се заштитиме од студот. Девојките уживаат комбинирајќи ги омилените фармерки од нашите брендови со шик џемпери, кошули и едноставни блузички за на работа, како вистински класици без кои не може ниту една дама.
Она што е супер е тоа што момците оваа сезона покрај стилските фармерки кои секогаш ги има во изобилие во нашите брендови, уживаат да носат и тексас кошули и јакни, надополнети со некој интересен детал од крзно во пределот на јаката. За кој модел и да се одлучите, бидете сигурни дека инвестирате во вистински класик што никогаш нема да излезе од мода и на кој секогаш ќе му се враќате.
На следниов линк, погледнете ја целосната понуда од нашата нова промоција во која ги ставивме сите ваши омилени парчиња од тексас, од денеска па сè до 12-ти ноември на намалување од -20%.
Подеднакво привлечна е и понудата на омилениот бренд за долна облека, Women'secret каде од денеска стартува намалување од -20% на сите градници и килоти!