Барај
%
×
HUGO
Ве запознаваме со дел од тимот на Битсиани: Љубовта кон работата е најзначајна!
БЛОГ

Ве запознаваме со дел од тимот на Битсиани: Љубовта кон работата е најзначајна!

 

 

Сакајќи да ве запознаеме со тимовите кои секогаш се грижат да излезат во пресрет на барањата на нашите клиенти, започнуваме едно ново поглавје објави во кои за прв пат, ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за нив.

 

Дел од тимот на Битсиани: Жорж, Анета и Елена 

Веројатно сосема соодветно, објавите ги започнуваме со првиот бренд од нашата групација „Битсиани“ кој нашите клиенти секогаш прво го поврзуваат со еден човек – Зоран Костадиновски Жорж.

Заедно со неговиот тим, тој долги години се грижи за стилскиот изглед на некои од најпознатите личности на македонската сцена, но и на неговите секојдневни клиенти кои ја обожаваат неговата посебна смисла за хумор и секогаш истенчениот вкус за добри комбинации.

Во друштво на прекрасните и секогаш позитивни девојки, тој години наназад се труди да го одржи високото ниво на успех на Битсиани, носејќи некои од најстилските парчиња од брендот, но и прикажувајќи нѝ една сосема поинаква, модернистичка палета на модели кои младите ги обожаваат.

 

За себе ќе каже дека секогаш одбира да носи нешто за што знае дека му прилега добро, нешто што знае дека ќе умее да го износи. Потенцира дека е предизвик да се работи во Битсиани и чест му е што повеќе од 20 години успева да одговори на истиот.

За неговиот тим со кој и повеќе од очигледно е дека функционираат одлично, ќе каже дека тоа не е било каков тим, туку среќен и успешен тим, каде ентузијазмот и желбата за самодокажување постојано се на највисоко можно ниво.

Со него ги споделивме и предикциите за тоа каква модна есен нè очекува со Битсиани, а тој потенцираше дека и оваа сезона ќе бидеме сведоци на ултра модерни парчиња за сечиј вкус.

„Парчиња и за модерниот и млад човек – лидер, со современ и урбан изглед, секако, прикажани во есенски смирени бои и смели модели“, вели Жорж. 

Во бурното и ултра брзо секојдневие, секогаш е добредојден совет за тоа како секојдневно позитивно да одговориме на работните обврски, а советот од човек што повеќе од 20 години ужива во својата работа, е и повеќе од сигурен.

„Обидете се љубовта, желбата и искуството поврзани со работата, да ја пренесете на сопствениот тим и клиентите кои за своите средства, секогаш очекуваат да го добијат најдоброто можно решение“.

 

Дел од тимот на Битсиани: Елена и Анета 

21.10.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...