Новите колекции на брендовите на Fashion Group донесоа свежина како никогаш досега, полни шармантни парчиња кои девојките веќе подолго време ги комбинираат на уникатен начин.
Со оглед на тоа што се ближи студената сезона, првото парче на кое воопшто помислуваме се топлите јакни, кои истовремено се шик, но и сосема доволни да поминеме квалитетно време надвор.
Оваа сезона, се чини девојките повторно ги обожуваат оние во интересни нијанси, суптилно зашиени со некој кул дезен, но и оние кои секогаш претставуваат вистинска инвестиција како кожените обложени со топол материјал или оние полнетите.
Девојките ги комбинираат буквално со сè, почнувајќи од плетени фустани, фармерки и џемпери на пруги, но и впечатливи парчиња создадени за вечерните излегувања.
Речиси секој еден од овие модели на големо ја освои женската публика, а на вас останува единствено да го одберете својот фаворит и да уживате во убавините што со себе ги носи зимата.
Ако сè уште не го одбравте вашиот омилен модел, овој понеделник е совршен за шопинг!