Повеќе од сигурно е дека на светот не постојат постилски девојки од Французинките, а тоа се докажува од сезона во сезона кога на сите оние нови трендови, тие им додаваат своја шик нота.
Така е и оваа сезона. Постојат неколку парчиња во кои тренди девојките се вљубија од прва, а истите се и повеќе од одобрени од стилските Французинки на Инстаграм.
Оваа есен, тие повторно им се враќаат на есенцијалните парчиња и потврдуваат дека е време да инвестирате во клучни парчиња како стилскиот кардиган, слип здолништето, чизмите до колена, чантите со куси ремчиња...
За среќа, ние ги имаме сите овие парчиња, а знаете дека понеделник е нашиот омилен ден за шопинг! Во продолжение, издвоивме некои од омилените девојки на Инстаграм кои потврдија дека ова се ИТ парчињата за сезонава, а моделите се на само еден клик од вас.
Она што е добро кај сите парчиња што тие ни ги предлагаат за есенва, е тоа што секое од нив е вистински класик и вреди да се инвестира во истото.
На пример, џемперот со копчиња во некоја неутрална боја е задолжителен за оваа шик студена сезона, а сепак, истиот може да биде омилен и следната зима.
Истото се однесува и на слип здолништата за кои сè уште имаме време да ги комбинираме, додека пак на култните и женствени чизми до колена, деновите допрва им доаѓаат.
Чантите се една сосема поинаква приказна, во која да признаеме, секогаш сакаме да инвестираме! Погледнете го нашиот стилски избор на парчиња по примерот на омилените Французинки и поминете го попладнето правејќи ги комбинациите во кои ќе блеснете оваа сезона!