Барај
%
×
HUGO
Fashion Group ги носи сите есенски модни фаворити во East Gate Mall!
БЛОГ

Fashion Group ги носи сите есенски модни фаворити во East Gate Mall!

 

Да, добро прочитавте! Есента се чини и не може да биде повозбудлива од она што е, но ако на стилското секојдневие му додадете четири нови брендови зад кои стои Fashion Group, тогаш имате сè што ви треба за оваа сезона.

 

 

Во очекување на возбудливото отворање на новиот трговски центар во градот East Gate Mall, сега е вистинско време да ви ги откриеме сите новитети што токму таму ги носи вашата омилена модна групација - Fashion Group.

Говорејќи за рафинираната естетика, со големо задоволство можеме да ви го најавиме отворањето на новиот бренд за софистицирани мажи – Dan John, како еден од омилените на единстените Италијанци за чие чувство за мода и не би смееле да зборуваме!

 

 

Оваа студена сезона, на момците нема да им биде проблем да ги направат најстилските комбинации за кои размислуваа подолго време, со оглед на достапноста на ултра стилските колекции на Dan John и сето она што тие го нудат на пазарот за вљубениците во модата.

Како алтернатива на сета онаа удобна облека на која навикнавме изминатите две години, оваа сезона во полн сјај доаѓа единствената класика прикажана преку тренди парчињата на омилениот бренд Mango, овојпат, со двојно засилување: машка и детска колекција. Ако се двоумевте каде да ги набавите сите оние супер слатки парчиња во неутрални бои за вашите најмили, тогаш веруваме дека детското катче во продавницата на Mango во East Gate Mall ќе биде вашето ново, омилено место.

Подеднакво возбудливо е и пристигнувањето и на машката колекција со потпис на Mango, како една од најсофистицираните во Европа и воопшто низ светот изминатите неколку години. Со заокружување на сите три колекции на брендот, веројатно вашето семејство ќе биде постилско од кога и да е!

 

 

 

Кога сме кај исклучителниот стил, веруваме дека особено ќе ве радува тоа што токму во East Gate Mall, доаѓа брендот Hugo кој покрај машката, за прв пат нè запознава и со женската колекција, составена од внимателно одбрани парчиња за дамите со уникатен вкус.

Последниот, но не и помалку важен новитет на кој особено му се радуваме оваа есен е пристигнувањето на брендот за козметика Kiko Milano како прв во нашата групација, а омилен на девојките ширум светот.

Сега, на едно место, ќе можете да ги одберете најдобрите козметички производи пред сè за нега на лицето, а потоа, и за дополнително истакнување на вашата убавина.

Го делиме мислењето со Kiko Milano дека животот е подобар во боја, па не двоумете се и обојте ја оваа есен во најубавите бои пресликани преку соодветните нијанси за вашето лице.

Сосема за крај, ве покануваме во East Gate Mall заедно да ги погледнеме новите и супер стилски колекции и на нашите посточки брендови меѓу кои и Fashion & Friends, Okaidi, Springfield, Timberland и Parfois!

 

 

 

01.10.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...