Барај
%
×
HUGO
Сите омилени чизми на трендсетерките сега достапни во Fashion Group!
БЛОГ

Сите омилени чизми на трендсетерките сега достапни во Fashion Group!

 

 

Иако сè уште совршено топло, мора да признаеме дека многу скоро ќе се соочиме со есенските температури кои со себе секогаш носат нешто магично.

 

Еден дел од таа магија се шик комбинациите во кои секогаш сакаме да вметнеме впечатливи парчиња, а особено внимание сакаме да им посветиме на обувките.  Чизмите се избор број еден кога е во прашање студената сезона, па иако септември, модните брендови понудија навистина сериозен избор за сезонава што следи.

 

 

Она што е предност кога говориме за комбинации со чизми, е тоа што овој период можете да ги носите со омилениот тенок фустан на долги ракави, а за некое време, со шик џемперот за кој едвај чекавте да дојдат студените денови.

 

 

Поради тоа, оваа сезона ви се потребни два интересни модели на чизми, од кои едните вистински класици во црна нијанса во кои секогаш вреди да инвестирате, додека другите во тек со трендовите, исклучително изработени од шик гума во некоја крем нијанса.

Иако оваа сезона, моделите на чизми не нè изненадија, сепак, постојат и такви кои едвај чекаме да ги пробаме и се како создадени за правење на шик комбинации вредни за Инстаграм објави. Во продавниците на брендовите на Fashion Group, но и онлајн, веќе пристигнаа голем број на модели во кои знаеме дека ќе се заљубите, а составени се од вистински класици, но и тренди модели за кул комбинации. Стилските девојки се воодушевени од моделите што ги гледате низ текстот, а доколку сè уште не започнавте со есенскиот шопинг, стартот на неделата е како создаден за тоа.

Кој е вашиот фаворит?

 

 

 

20.09.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...