По речиси две години, вториот понеделник од септември доби поголемо значење од кога и да е и на совршен начин го замени првиот понеделник од месец мај. Откако добро нè подготвија за она што можеме да го очекуваме од вечерта, сите омилени ѕвезди во моментов се појавија на најдолгоочекуваниот настан во Њујорк – Мет Галата 2021.
Сосема во ред, оваа година темата на вечерта беше „In America: A lexicon of Fashion“, па можевме да видиме многу од познатите како ја слават нивната омилена земја на бројни начини.
Како што беше најавено ден претходно, се чини најголемо внимание на црвениот килим привлече Ким Кардашијан која се појави во креација на Баленсијага која се чини за момент донесе поинаква атмосфера на самиот настан.
Иако речиси сите знаеја дека се работи за ѕвездата од најпознатото реално шоу, сепак, таа донесе доза на мистичност и нешто сосема ново на настанот за што многумина не беа подготвени.
Подеднакво внимание предизвика и младиот рапер Lil Nas X кој на црвениот килим се појави во неколку златни креации на Версаче, но се чини неговата пријателка Били Ајлиш ги изненади сите со изборот на нежна креација од Оскар де ла Рента која за промена и прилегаше одлично.
Очекувано, големо внимание на црвениот килим привлече и единствената Џенифер Лопез која се појави во класична американска креација на омилениот Ралф Лорен, но најсериозна порака од сите прати само онаа која се осмели – Александриа Окасио – Кортез.
Американската политичарка и активистка на нејзината прва Мет Гала се појави во неодолива бела креација со исклучителна порака која гласеше: Tax the Rich, а која се чини донесе најголемо внимание и споделувања на социјалните мрежи.
Сосема во нивен стил, со мало модно задоцнување се појавија и Асап Роки и неговата девојка Ријана, која беше домаќинка на забавата после Мет Галата.
Подеднакво впечатливи беа и останатите холивудски дами и момци, а нашиот избор на најинтересните го гледате во продолжение.
Фото: Getty Images