Барај
%
×
HUGO
Со Манго на есенско патување низ Медитеранот!
БЛОГ

Со Манго на есенско патување низ Медитеранот!

 

Да, летото заврши! Но, во ниту еден момент не треба да жалиме за истото, бидејќи веројатно создадовте некои спомени во кои ќе уживате во текот на студената сезона.

 

Доколку не, Манго направи исклучително топло видео во кое уште еднаш нè потсетува дека Медитеранот не е само место во светот, туку е место во умот.

Сите оние кои имале можност барем еднаш да посетат некој дел, знаат дека ова е и повеќе од вистина. Режисерката и фотографка Дијана Кунст уште еднаш направи совршено видео во кое нè потсетува на сите убавини на Медитеранот, но и многу повеќе од тоа, на сите убавини вредни за живеење.

 

Тие уште еднаш потврдуваат колку во животот е важно да си присутен во секој момент и да го живееш истиот со сите свои сетила.

Со ова, тимот на Манго заокружува уште едно неодоливо лето прикажувајќи ги сите парчиња во кои уживавме во топлата сезона најавувајќи уште една, сосема нова колекција подготвена за дочек на есенската идила.

 

Според првите парчиња кои веќе можете да ги најдете во продавницата на Манго или пак да ги нарачате онлајн, пред нас е студена сезона во која се чини ќе уживаме во топлите и интензивни бои, но со повремен акцент на црно – белите парчиња како еден од најголемите трендови.

Не двоумете се и уште овој викенд освежете го вашиот плакар со парчето по ваш сензибилитет, но дозволете да се изненадите себеси со интензивно зелениот фустан или со црвеното палто со впечатливи копчиња кое можеби е скроено токму за вас.

Од она што ќе го видите во продолжение низ текстот, ќе сфатите дека брендот со себе носи уште една исклучително возбудлива сезона кога се трендовите во прашање, а знаеме дека вие ќе умеете да ја уживате повеќе од кога и да е!

03.09.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...