Доколку сè уште не го искористивте годишниот одмор, еден од сегментите на кој дефинитивно треба да му посветите внимание е накитот што е исклучително важен.
Веројатно ги следите социјалните мрежи доволно, за да знаете што е она што оваа сезона девојките го обожуваат кога е накитот во прашање – многу колорит!
Сега е вистинско време да ги погледнете новите колекции на нашите брендови во кои ќе најдете совршено шарени парчиња накит соодветни за разубавување на секоја ваша комбинација за на плажа.
Она што единствено ви треба е шик костим за капење и некоја наметка во која ќе уживате во прошетките, дополнително истакнати со накит со школки во боја, уникатно наредени мониста, обетки во интензивни нијанси и што уште не.
Девојките сакаат да носат повеќе накит одеднаш, па така не двоумете се да ставите повеќе ланчиња одеднаш, обетки на едното уво или пак алки направени од интересен материјал.
Во колекцијата на Parfois и Mango ќе го најдете сиот накит што ви е потребен ова лето за шик изглед на плажа, а нашите фаворити ги гледате низ текстот.