Од денеска па сè до 10-ти август во вашиот омилен бренд Hugo Boss започнува намалувањето од -30% на фантастичната колекција пролет/лето 2021.
Попустот се пресметува во кошничка за сите онлајн нарачки како и на каса во нашата продавница во Сити Мол. Токму таму пак, сите обожаватели на брендот ги очекува новата колекција во која ќе ги најдете најдобрите парчиња за студената сезона што доаѓа.
Момците оваа есен ќе освојуваат низ улиците во фантастично скроените Hugo Boss капути, уникатните блузи и панталони, патиките кои се избор број еден кога сме кај трендовите, но и совршено одбраните модни додатоци за секоја пригода.
Говорејќи за новата сезона и боите, брендот и оваа сезона прикажува суптилни и навидум резервирани бои, но сосема соодветни за есенските и зимски денови, како и за естетиката по која е познат германскиот бренд.
Можеби една сосема нова естетика од брендот можеме да очекуваме во следниот период, со оглед на тоа што од неодамна на чело се најде еден од најпочитуваните луѓе во модната индустрија, Даниел Гридер кој по цели 23 години си замина од Томи Хилфигер во потрага по нови предизвици.
Низ текстот погледнете ги сите оние парчиња кои од денеска можат да бидат ваши по неодоливо намалени цени, но и преку опцијата брзо купување одберете си нешто од новата колекција.