Барај
%
×
HUGO
20 стилски парчиња поради кои едвај ја чекаме есента!
БЛОГ

20 стилски парчиња поради кои едвај ја чекаме есента!

 

Иако летото сè уште е во полн ек, никогаш не е прерано за да се подготвиме за новата сезона што доаѓа.

 

Новите колекции на нашите брендови донесоа исклучително добри парчиња со кои ќе блеснеме во првите денови од есента, а кои се сосема доволни за да изгледаме шик и цела зима.

 

 

Дел од нив понудија неверојатно едноставни парчиња со кои можете да правите безброј комбинации, а дел ултра тренди и уникатни за сите оние со специфичен вкус.

 

 

 

 

Она што останува за вас, е да направите добар шопинг во продавниците на нашите брендови и да почнете со освежување на плакарот. Време е да ги подготвите и сите оние комбинации со кои во неверојатен стил ќе ја дочекате есента и ќе уживате во одличните температури.

 

 

Во студената сезона што доаѓа, девојките ќе ги обожаваат впечатливите палта во интензивни бои, комплетите со здолниште во иста нијанса, рок чизмите кои секогаш се вистинска класика, мантилите и јакните со интересен принт, како и фустаните со ретро принт за секоја посебна пригода.

 

Момците пак, за сите лежерни пригоди ќе одбираат шик дуксери во јаки бои, џемпери во пруги кои секогаш се вистинска класика, но и јакни и елеци во неодоливо есенски бои.

Во продолжение, погледнете го нашиот избор од 20 модели кои се чини често ќе ги гледаме во студената сезона што доаѓа, а за многу повеќе нови колекции, посетете ги продавниците на нашите брендови или разгледајте онлајн.

 

 

 

 

 

 

 

05.08.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...