Ако сте од оние најголемите фанови на култната серија „Сексот и градот“, тогаш сигурно ја знаете пасијата што Кери Бредшо ја има кон парчињата од високата мода.
Во речиси секоја сцена, како од серијата, така и од истоимените филмови, шармантната актерка ги носеше најубавите парчиња што можете да ги замислите, секогаш со потпис на најголемите светски дизајнери, на начин на каков што само таа знаеше.
Откако медиумите и обожавателите ја „нападнаа“ дека изгледа премногу старо за нејзините 56 години, сега на ред е моментот што таа за прв пат одбра фустан од бренд од брзата мода, за кој многумина ќе кажат дека не и прилега.
„Сè е подобро отколку да почне да носи Крокс чевли“, беше можеби најнавредливиот и тотално непотребен коментар од страна на нејзините обожаватели кои беа исклучително разочарани од нејзиниот избор.
Дека Интернетот е ултра брзо и непредвидливо место докажа и фактот што сосема на крај се потврди дека не станува збор за фустан од брендот Forever 21, туку за парче од познат индиски бренд со секако, пониска цена од оние парчиња во кои навикнавме да ја гледаме.
Нејсе, зошто воопшто беше важно да се коментира за нејзината седа коса, брчките кои повеќе не ги крие, па дури и тоа што нејзините стилисти одат во малку поинаков правец и прикажуваат колку се моќни брендовите од „брзата мода“ и колку добро изгледаат во комбинација со чевли од 400 долари?
Многумина посочија дека ова е резултат на тоа што познатата 79 - годишна стилистка Патриша Филд нема да работи на новото продолжение на „Сексот и градот“, како резултат на нејзиниот ангажман во „Емили во Париз“, па токму ова е она што се очекувало.
Иако сите бевме вљубени во Кери од самиот старт, колку нелогично беше колумнист постојано да носи парчиња со потпис на некои од најпознатите светски брендови? Иако можеби ова беше фустан за првите сезони, истиот доаѓа како тотално освежување навреме, кога таа можеби конечно, ќе биде сосема слободна, уживајќи без господинот Биг, тотално непредвидлива, со шокантен моден избор за кој не мора никого да праша?
Тоа никако нема да значи дека таа се збогува со нејзините омилени, туку само на публиката што ја обожава конечно и нуди можност да одбере нешто пристапно, нешто на што тие особено ќе се израдуваат.
А што се однесува до седата коса и брчките и зошто е „прерано“ остарена, нејзината животна приказна нека остане за неа. Она што е важно, е дека по којзнае кој пат ќе ја гледаме нејзината уметност едноставно сценарио да претвори во вистинско уживање и поистоветување на многу дами ширум светот кои никогаш нема да се откажат од Кери, без разлика што и да носи!