Барај
%
×
HUGO
Senidah: Отсекогаш верував во своите моќи!
БЛОГ

Senidah: Отсекогаш верував во своите моќи!

 

Ако воопшто постои човек на Балканот, па и пошироко што не ја познава оваа исклучителна девојка, овој петок е совршен момент да го исправите тоа. Во рамки на одличната програма на Ohrid Calling, на први август, Авалон продукција ја носи можеби најуникатната пејачка во моментов, Senidah.

 

За неа треба да употребиме многу поголем збор од пејачка, бидејќи таа е комплетен артист, индивидуа каква што дефинитивно и требаше на балканската музичка сцена, со неповторлива енергија каква што само таа знае да зрачи. Ние имавме чест да направиме кусо интервју со Senidah пред нејзиниот настап и да говориме за тоа што очекува од Охрид, која е нејзината животна приказна, како успева да остане уникатна и уште неколку други теми.

Неодамна, таа создаде уште една ултра добра песна едноставно наречена „Replay“ која и да сакавме не можеше да биде подобра. Истата е направена во соработка со истоимениот бренд, а во видеото за песната може да видите некои од најстилските парчиња што Replay ги имаше минатата сезона. Во очекување на нејзиниот концерт, на новите песни кои секогаш носат едно поинакво чувство, на уникатните колекции на Replay, го читаме интервјуто на Senidah во продолжение.

1.Пред да ја започнете кариерата, пред да се „кренете“ кон ѕвездите, верувавте ли во своите моќи?

Па, да бидам искрена, верував (се смее). Од мала сакав да ги забавувам луѓето, им пеев, играв кога ќе дојдеа гости. Можеби им бев здодевна, но сите и велеа на мајка ми: „Оваа малечка треба да се запише на танц и пеење“.

2.Која е животната приказна на Senidah?

Девојка со желба да создава, некако срамежлива, но на која не и требаше „push“ од сестрите да се охрабри и да застане на бина, а за понатаму знаете (се смее).

3.Знаете ли која е причината поради која цел Балкан ве обожава? Како успевате да останете уникатна?

Ова ми е секогаш драго да го чујам, а поради што е тоа така, навистина не знам. Можеби им е интересно што сум од Словенија и што ми успеа, ајде да речеме, прва после распадот на Југославија да се „пробијам“ на балканската сцена, па можеби и да правам нешто поинаку. Можеби тоа е така затоа што имам добри песни (се смее). Искрено, многу сакам да им дадам нешто на луѓето и сакам да ги гледам среќни поради тоа.

 

4.Чувствувате ли некогаш притисок? Како се справувате со тоа?

Почнувам да ви пишувам дека чувствувам, но потоа малку подобро размислувам и си велам „ма, не“ (се смее). Мислам дека барем така треба да размислувам и дека така би требало да биде, ова е моја музика, мои правила и го правам она што мене ми одговара и што го сакам, секогаш прво себе сакам да си удоволам. Тоа е она што се однесува за мојата музика, а што се однесува до некои животни работи, тоа е веќе друга приказна. Треба да си кажете сами на себе дека одите чекор по чекор со решавање на проблемите и сè ќе се реши полека.

5.Кој е оној момент од животот на кој сакате да му „стиснете“ Replay?

Постојат повеќе вакви моменти, почнувајќи од некои од детството, забави, настапи...

6.Кога сме кај Replay, значи ли дека тоа е „Вашиот“ бренд по сензибилитет?

Replay како бренд го познавам од малечка. Ја сакам модата, сакам да си играм со стилот, сакам да експериментирам со комбинациите, а уште кога тоа е поврзано со музиката, тогаш таа комбинација е полн погодок!

7.Колку слобода имаат стилистите кога работат со Вас? Сакате ли сама да си ги правите комбинациите?

Па зависи од тоа на што работиме, но секогаш сакам да сум запознаена со целиот тој процес кога е во прашање стајлингот или фризурата. За настапите сакам сама да се средувам, па често знам да креирам нешто и заеднички да го направиме.

8.Што може да очекуваме од концертот во Охрид?

Доаѓам во Охрид прв пат и навистина сакам мојот концерт да биде нешто посебно, токму поради тоа. Сакам да се запознаам со мојата публика таму и можам да кажам дека ќе дадам 120% од себе за да биде магично.

 

Фотографии: NN Media Nemanja

30.07.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...