Ако сте љубител на брендот Tommy Jeans или пак поседувате барем едно парче со потпис на истиот, веројатно веќе ја препознавате естетиката на брендот.
Како и секогаш, така и овојпат, за студената сезона дизајнерите создадоа супер стилски парчиња што ќе ве стоплат во сезоната што доаѓа, изработени од ултра квалитетни материјали и во бои какви што само тие знаат да комбинираат.
Колекцијата е полна тренди тренерки во темно сина боја со детали во интензивни нијанси и во најголем дел од парчињата, со истакнато лого на брендот.
За сите оние што уживаат и во малкуте прослави што ги имаме периодов, брендот понуди стилски кошули во неколку нијанси кои се совршен сојузник на сите тренди фармерки или панталони кои зависно од поводот, уживате да ги комбинирате. Иако речиси сите брендови почнаа да нè подготвуваат за студената сезона, во новата колекција на Tommy Jeans ќе најдете и по некоја маичка на куси ракави соодветна за последните топли денови, која комбинирана со фармерките од брендот формира најфраерска комбинација било кога!
Девојките речиси секоја сезона се вљубени во уникатните чанти на брендот, па така е и оваа сезона во која сме сведоци на комбинации на интересни бои преточени во супер шик форми соодветни за секоја пригода.
Момците пак, повторно можат да им се радуваат на сите нови модели на патики за кои знаеме дека секогаш сакаат да ги вметнуваат во своите комбинации и да изгледаат ултра добро.
Сите парчиња од новата колекција на брендот можете да ги најдете во продавницата на Fashion&Friends, но и онлајн, а не заборавајте дека сè уште трае и сезонското намалување на кое можете да си најдете супер парчиња!