Барај
Познатата инфлуенсерка сезонава ги носи најубавите Mango парчиња
БЛОГ

Познатата инфлуенсерка сезонава ги носи најубавите Mango парчиња

 

Секоја нова работна недела со себе носи многу предизвици, а еден од најголемите е дефинитивно оној кога треба да размислуваме за стилските комбинации за секој ден.

 

Во тој момент, повеќе од добредојдена е инспирација од шик дамите кои обожуваме да ги гледаме на социјалните мрежи, а една од нив е дефинитивно и Валерија Липоветски. Прекрасната инфлуенсерка и долгогодишен модел со навистина интересна животна приказна, е една од најголемите обожавателки на брендот Mango, па речиси секојдневно инспирира со нивното комбинирање.

 

Вљубена во лежерните парчиња за преку ден, но и во оние ултра впечатливите за ноќните прошетки со сопругот, Валерија е вистинска Mango девојка со нескротлива позитивна енергија.

 

 

 

 

 

 

 

Оваа сезона, во најголемиот дел од нејзините шик комбинации таа вметнува широки макси фустани, но и кошула и панталони со ист принт кои толку многу потсетуваат на безгрижните денови од некое старо време.

 

За специјалните настани што таа ги има во изобилие, секогаш одбира нешто специфично, а токму новата колекција на вашиот омилен бренд е полна со такви парчиња.

 

Покрај одличниот стил, на Инстаграм профилот на Валерија секојдневно можеме да уживаме во нејзиното секојдневие исполнето со нејзините слатки синови и сопругот за кој ќе каже дека и е најголема поддршка во она што го прави.

 

Имено, нивната приказна е исклучително интересна и почнува со големата разлика во години, односно дури 18 што се чини не се никаква пречка за беспрекорен брак и воспитување на нивните три деца.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Валерија раскажува дека на почетокот воопшто не знаела дали таквата врска ќе успее, со оглед на тоа што таа имала 20, а тој 38 години, но денеска ќе каже дека воопшто и не може да си го замисли животот без личноста која е совршен пример за нивните деца.

 

Денеска, ве запознаваме со оваа прекрасна девојка и се инспирираме за супер шик комбинации за секој ден од неделата.

 

 

 

 

 

05.07.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...