Во потрага по стилските летни модели во кои ќе уживаме секој еден топол ден од јули, денеска ви го олеснуваме пребарувањето и ве запознаваме со некои од најубавите парчиња за оваа сезона.
На прагот од јули, целосно препуштете им се на пастелните нијанси и комбинирајте ги боите што никогаш не можевте да ги замислите, а доколку работните обврски ви го дозволуваат тоа, не двоумете се и заминете на работа во омилените отворени сандали.
Веќе знаете кои се совршените летни парчиња во кои уживањето на високите температури е максимално, но овојпат ви ги прикажуваме истите во уште подобрена верзија.
Покрај фустанот како ултимативен летен класик, овој шопинг посветете им се и на кошулите со ретро призвук во неодоливи комбинации на бои, но и на широките фармерки кои се одличен избор за вечерните прошетки.
Иако многумина ги сакаат, високите температури со себе носат сериозни предизвици, меѓу кои и тоа како да изгледате стилски на работа, а притоа да уживате во топлите денови.
Трендовите за ова лето се полежерни од кога и да е што придонесува за максимална удобност во секое парче што ќе го одберете, а токму такви се и нашите денешни предлози кои се дел од ултра стилската колекцијата едноставно наречена „Everyday Look“.
Бидете стилска дама во секој ден од јули и со овие парчиња, направете безброј комбинации како резултат на вашата исклучителна имагинација.
Во ниту еден момент не заборавајте ниту на модните додатоци како најважен момент при правењето стилски летни комбинации, како и на парчињата како шапки и очила за сонце како супер важни за заштита од сонцето во летниот период.
Која комбинација е вашата омилена?