Фитнес ентузијастите веројатно веднаш го препознаа името на ултра згодната, 24 - годишна Памела Рајф која денеска важи за една од омилените фитнес инфлуенсерки.
На нејзините речиси осум милиони следбеници, таа секојдневно им нуди видеа со исклучително добри вежби кои можете да ги правите и дома и само со дисциплина, да постигнете тело како на Памела.
Секако, она на што таа цели постојано е дека повеќе од важно е заедно со вежбањето, подеднакво значење треба да и дадете и на балансираната исхрана, постојано промовирајќи го брендот за здрави грицки што го носи нејзиното име.
Она што е навистина посебно кај Памела, е тоа што сите нејзини видеа зрачат со исклучително позитивна енергија, а меѓу најпопуларните се дефинитивно нејзините „Dance Workouts“.
„Навистина уживам во овие видеа. Песните најчесто се оние последни хитови што ќе ги слушнам, а најважно од сè е вашите следбеници да ја забележат позитивната енергија со која зрачите, која пак ќе им помогне да ги завршат вежбите супер расположени“, вели Памела во едно интервју.
Токму со овие видеа, таа постојано ги потсетува сите од колкаво значење е правилно да се грижите за вашето тело и од колкава корист е всушност вежбањето, но и дека не ви треба фитнес сала за да вежбате.
„Вежбите дома можат да бидат исклучително ефикасни и забавни ако ги правите правилно и со соодветниот тренинг за вас. Имам огромен број на следбеници кои постојано ми пишуваат колку многу уживаат во вежбите од дома, а мене ми е повеќе од драго што тоа е така“, додава Памела во интервјуто.
Она на што треба да му посветите посебно внимание е секако изборот на облека во која ќе вежбате, а доколку сметате дека ви треба обнова на онаа постоечката, денеска ви нудиме исклучително добри парчиња од нашите брендови кои се дел од колекцијата „Homewear“.
Тука ќе ги најдете најстилските парчиња за вежбање, изработени од одлични материјали сосема соодветни за уживање во вежбањето во било која сезона.