Барај
%
×
HUGO
Го дочекуваме летото со нови и ултра впечатливи парчиња!
БЛОГ

Го дочекуваме летото со нови и ултра впечатливи парчиња!

 

 

Првиот ден од летото го дочекуваме со одлично време во градот и надеж дека температурите што и доликуваат на оваа сезона конечно ќе пристигнат.

 

 

Во пресрет на топлите денови, веројатно е добро да се подготвиме со ултра лесни парчиња во кои ќе можеме да уживаме извршувајќи ги секојдневните обврски, но и такви со кои ќе блеснеме на плажа ова лето.

Инспирирани од боите на летото, дизајнерите на нашите познати брендови сезонава понудија неодоливи парчиња, почнувајќи од едноставни памучни фустанчиња за секој ден, па сè до раскошни создадени за летните прослави.

За лежерните прилики и викендите што толку ги обожаваме, одберете некоја од наметките со принт со потпис на Parfois како ултимативен хит оваа сезона и комбинирајте ги со што и да посакате за шик изглед сезонава.

 

 

 

 

 

 

 

 

Ваквите наметки, па дури и марамите се идеални за на плажа, па доколку веќе го одбравте совршениот костим за капење, сега е вистинско време да го украсите истиот.

 

Како и секоја година, така и оваа, меѓу омилените летни парчиња се и едноставните памучни бели маички, но и стилските бели кошули кои девојките ги комбинираат со сè што ќе им дојде на ум.

 

Секако, ова лето девојките повторно ги обожаваат вечните модни класици како белиот фустан со копчиња и појас на половината, памучниот фустан во пруги, широките здолништа...

 

Парчињата што ги гледате во продолжение се наш прв избор со кој ќе им пркосиме на високите температури сезонава, но постојат и уште многу други кои можат да бидат ваши со само еден клик.

 

 

 

 

 

 

21.06.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...