Веројатно кога говориме за стилски костими за капење прво што ви паѓа на памет е Women’Secret, бренд кој долги години ги создава најубавите модели што можете да ги замислите.
Токму такви, дизајнерите на брендот направија и ова лето, во исклучителни бои и модели, со разни принтови и детали кои знаеме дека ќе ги обожавате.
Доколку веќе направивте планови за продолжениот викенд, оваа среда е совршен момент да ја посетите продавницата на Women’Secret во Скопје Сити Мол и да го одберете вашиот омилен модел.
Новата летна колекција на брендот е сè што можете да посакате за долго и топло лето, надополнето со шик модели за сечиј вкус. Одберете од оние модели со едноставни кроеви во неодоливи летни бои, или пак од оние надополнети со романтични карнери и принтови кај материјалите.
Секогаш, брендот остава простор и за уживање во класиката, па така и ова лето понуди црни и бели костими за капење кои можете да ги комбинирате со сите летни модни додатоци на кои ќе помислите.
За сите девојки кои сакаат нешто повеќе од класиката кога се работи за костимите за капење, можат да одберат од уникатните модели во интензивни бои кои оваа сезона доаѓаат со неодоливи детали.
Дополнително истакнете ги со шармантните модни додатоци со потпис на брендот, како сламените торби украсени со омилените школки, шапките или очилата за сонце.
Без разлика на тоа кој модел ќе го одберете, бидете сигурни дека нема да поминете незабележани на плажата што ја одбравте за уживање ова лето!
Сите костими можете да ги погледнете на следниов линк.