Во пресрет на Европското првенство во фудбал каде за прв пат, историски настап ќе има репрезентацијата на Северна Македонија, сакавме да ви го прикажеме омилениот спорт од една сосема друга перспектива. Од онаа можеби понежната, од онаа на дамите кои секогаш се најгласни на трибините и тоа сосема со право, бодрејќи ги своите партнери и давајќи им максимална поддршка. Ние имавме чест да разговараме со една од нив, со прекрасната Тамара Чуприна која на уникатен начин ни ги раскажа доживувањата во улога на девојка на еден од најпознатите македонски спортисти Дарко Велковски. Целосно подготвена, со максимален навивачки дух, со огромна љубов и супер спортски стајлинзи, Тамара заминува во Букурешт, а во меѓувреме, заедно уживаме во нејзиното интервју и се инспирираме од одличните стајлинзи со парчиња од новите колекции на вашите омилени брендови од Fashion Group.
Што е она што ја исполнува Тамара во животот?
Искрено ме исполнуваат мали работи. Најчесто тоа се дружбите со најблиските од моето семејство. Сакам да поминувам време со моите дома, да ручаме заедно, па тоа да премине во една убава седенка како што секогаш знаеме. Уживам и со другарките, но секогаш сакам и да го бодрам Дарко од трибините. Неговите успеси се и наши, заеднички. Не пропуштам натпревар без разлика дали сум сама или со девoјките на другите фудбалери.
Колку Ви се промени секојдневието откако во него значајна улога има Дарко?
Ако ме прашувате за популарноста, ни најмалку. Јас и Дарко сме многу скромни по природа. Дарко и не сака баш многу да се експонира, за него е најважно да е успешен во тоа што го сака и работи. За него фудбалот е сè. Па така и за мене. Единствено нешто што се менува е местото на живеење, а со него и сè што носи градот каде што сме. Живееме заедно долго, па затоа единствено нешто што ни носи промени во заедничкото функционирање е селењето.
Кое е местото каде што сте најсреќна?
После сите случувања оваа година најсреќна ме прави тоа што знам дека сите се добро. Кога знам дека најблиските ми се добро, кога знам дека јас и Дарко сме добро. Каде и да сум, ништо нема да е важно ако луѓето кои ги сакам не се на број. Понекогаш ми е тешко што не можам да сум дома, нели дома сите сме најсреќни. Но, мојот дом е таму каде што е и Дарко, па затоа велам дека местото не е важно. Среќата ја прават други работи.
Бермуди: Mango
Ви пречи ли вниманието што го добивате како девојка на еден од нашите најпознати спортисти?
Внимание на сите понекогаш ни годи нели? (се смее)
Колку Хрватска Ви Влијаеше на личниот стил?
Па не можам баш да кажам дека Хрватска некако ми влијаеше на стилот. Стилот е нешто што или го имаш или го немаш. Можеби во Хрватска некако одвоив повеќе време за себе, се пронајдов во целата таа приказна на некој начин. Едноставно на моменти можеби тоа што сликав ми доаѓаше како забава, нешто со кое си го пополнував слободното време, а воедно и уживав.
Што за Вас значат средбите со Вашата сестра Драгана? Каква улога има таа во Вашиот живот?
Ми значат многу, премногу. Само километрите се причина поради која не сме постојано заедно. Ние сме многу поврзани, иако сме разлика многу години. Секогаш ги бројам деновите до следната средба и многу ми недостасува. И двете една на друга сме си голема поддршка, буквално во сè. Таа за мене секогаш била еден пример по кој сум се водела, но без разлика што сум помала од неа, некогаш моите совети и се повеќе од добредојдени.
Фустан: Scotch&Soda, Очила за сонце: Guess, Обетки: Parfois
Колку тоа што сте во врска со спортист ви создава навика за водење здрав начин на живот?
Како помлада и јас се занимавав со спорт. Долги години тренирав професионално одбојка. Но, без разлика на тоа, од секогаш сум практикувала здрав начин на живот. Во моето семејство сите се спортисти, ние дома отсекогаш сме се хранеле здраво, навиките за здрав начин на живот ги имаме од мали нозе.
Која е најубавата летна дестинација што сте ја посетиле со Дарко и какви спомени ве врзуваат за истата?
Поради обврските Дарко не е во можност често да патува. Патува со фудбалот, но има многу малку слободно време. Пред пандемијата бевме во Дубаи и беше навистина прекрасно. Има толку многу работи да се видат. Дубаи е познат по ултра модерната архитектура, несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати.
Што за Вас значи фактот што Вашето момче ќе учествува на историски момент како Европско првенство?
Како што сами кажавте, ова е навистина историски момент, за него, за цела Македонија. Горда сум колку што е горд секој од нас. Ова е испишување историја. Како на Дарко така и на другите момци им посакувам многу среќа, знам дека ќе не направат горди. На Дарко секогаш му ја давам најголемата поддршка, на ова Европско првенство ќе го бодриме од трибините во Букурешт. Каде е тој таму сум и јас, најгласна.
Палто, здолниште, чанта,сандали: Guess
Палто, здолниште, чанта,сандали: Guess
Која е совршената комбинација за настан од овој карактер?
Патики на прво место. Да ви е удобно за да навивате (се смее). Се разбира дека тоа ќе биде некоја спортска комбинација, во мојот случај секогаш е дресот на Македонската фудбалска репрезентација со името на Дарко Велкоски.
Бермуди: Mango , Патики: Guess Фустан: Scotch&Soda, Чанта, oбетки: Parfois
Организација и реализација: Fashion Group
Шминка: Зоран Шурбевски
Фотограф: Бојан Стоилковски
Локации: Градски стадион, Three Kitchen&Bar
Комбинации: Fashion Group