Откако направија вистински бум со соработката со познатиот дизајнер Естебан Кортасар кој за Desigual создаде парчиња полни боја и принтови по што е и познат, дизајнерите на брендот го „дотераа“ Малума за насловната на шпанското издание на Cosmopolitan.
Во истиот стил, тие ја презентираа и нивната нова колекција повторно посветена на сите оние со 100% уникатно чувство за мода и истенчен стил, бидејќи токму тие луѓе се и нивната публика.
Сосема медитерански во духот, брендот повторно понуди навистина единствени креации кога е топлата сезона во прашање, преточени во куси впечатливи фустанчиња, оригинални костими за капење, наметки и маички на куси ракави, а оваа среда, го прогласуваме за бренд на неделата.
Како и досега, така и овојпат, брендот со колекцијата успева да го извлече најдоброто од своите клиенти, оставајќи им простор да ја истакнат својата креативна страна.
Од брендот истакнуваат дека и за оваа колекција инспирација повторно е Медитеранот и сите убавини што тој ги носи со себе, неговите бои и воопшто, уникатното чувство кога го уживате.
Сите парчиња неодоливо потсетуваат на оптимизам, а истите ви даваат и бесконечни можности за комбинирање со други парчиња, во оние денови кога сакате да го смирите нивниот колорит.
Секако, брендот повторно нуди исклучително добар избор на чанти и паричници по кои и досега е познат, како едни од омилените на уникатните дами ширум светот.
Како и секоја друга, така и оваа колекција на Desigual е ултра привлечна, но за оние кои уживаат да бидат поинакви од другите и никогаш слепо да не ја следат толпата.
Ова лето, бидете исклучително креативни комбинирајќи ги парчињата на Desigual кои можете да ги најдете онлајн на Fashion Group, како и во продавницата на Fashion&Friends во Скопје Сити Мол.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: